- Во понеделник, 27 октомври во 20 часот, во Културно Информативниот Центар – Скопје, ќе се отвори изложба на дела настанати на работилниците за алтернативна фотографија кои се одржаа во село Смилево, во организација на фестивалот Зрно.
- Од 17 до 23 јули, манастирот „Св. Петар и Павле“ во Смилево беше дом на едно од највпечатливите летни уметнички собирања каде колу педесет фотографи и млади автори од различни европски земји, заедно со волонтери од Македонија, Србија и Словенија, учествуваа на четвртото издание на Зрно, посветено на благородните фотографски процеси.
- Оваа година, фестивалот Зрно ја збогати својата програма со исклучително значаен сегмент – изложба што вклучува негативи од опусот на браќата Манаки, љубезно отстапени и дигитализирани од Архивот на Македонија – одделение Битола. Овие ретки материјали, сведоштва на првите чекори на балканската фотографија, беа повторно оживеани преку нивна современа интерпретација во различни историски техники. На тој начин, им беше подарен нов живот – како поетски дијалог меѓу минатото и сегашноста, и како искрена почит кон визионерството и наследството на браќата Манаки, во рамки на овогодинешната соработка меѓу Зрно и Архивот на Македонија.
- Пред премиерите и пошироката дистрибуција на Нолановата „Одисеја“, Харперс Базар објавува водич за сите 108 додворувачи на Пенелопа кои упорно чекаат таа да избере друг сопруг, во отсуство на нејзиниот Одисеј. Не дека и Хомер им доделил на сите кој знае какво внимание, но добро е да се знаат барем неколкумина за подобро следење на дејството.
- Антиној е главниот иницијатор за заговорот против Одисеј и неговиот син Телемах. Тој е оној кој предлага да се убие Телемах за да се осигура дека престолот на Итака ќе остане слободен. Груб и арогантен, тој ја претставува аристократијата во надолен пад, раководел од алчност а не од вистинска љубов. Го игра Роберт Патисон.
- Евримах е благородник од Итака кој се претставува како харизматичен и шармантен, но е дволичен, учествувајќи во заговорот со Антиној да го убие Телемах и спиејќи со слугинката на Пенелопа за да добива информации.
- Полибиј е многу помудриот татко на Евримах, еден од последните кои ќе преживеат во конечната битка. Ќе биде убиен од свињарот Евмај.
Останатите на линкот.
- Новозеландскиот актер Сем Нил, кој светската публика најмногу го памети по улогите во филмовите „Паркот Јура“ и „Пијано“, почина во Сиднеј на 78-годишна возраст. Во објава на неговите профили на социјалните мрежи, семејството наведе дека смртта била „ненадејна и неочекувана“. Нил во 2023 година откри дека му бил дијагностициран ангиоимунобластичен Т-клеточен лимфом, редок и агресивен вид на не-Хочкинов лимфом. По лекувањето со терапија со генетски изменети Т-клетки, во април оваа година соопшти дека повеќе нема траги од болеста.
- Во текот на својата богата кариера Сем Нил важеше за еден од најразновидните и најпрепознатливите актери од Нов Зеланд. Со леснотија настапуваше и во авторски филмови и во големи холивудски продукции. Најголема светска слава стекна со улогата во „Паркот Јура“, а во филмот „Пијано“ го толкуваше сопругот на ликот што го играше Холи Хантер.
- Тој припаѓаше на генерацијата актери и режисери кои стекнаа меѓународна афирмација по подемот на австралиската кинематографија кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век. Иако целиот свет го доживуваше како новозеландски актер, неговите корени се во Северна Ирска. Роден е во 1947 година во градот Ома, во округот Тајрон, каде што неговиот татко, офицер во Ирската гарда и по потекло Новозеланѓанец, бил распореден на служба.
(фото: EpaImages)