„Маргиналија“

Тефтерите на познатите

Имам пријатели кои постојано ме пецкаат што во чанта си носам тефтерче, со кожна подврска и пенкалце, кое ми е скапоцен потсетник. Затоа и не е фер што тефтерчињата на луѓе многу попознати од мене се класифицираат како „маргиналија" од нивните животи. Претпоставувам и за многумина од нив, ако нешто не е запишано, исто како да не било, а големи се шансите и да не биде.

FuckYeah,Manuscripts! на Тамблер објавува токму вакви дневници, тетратки и тефтери на некои од најпознатите писатели, актери, музичари, научници, а сите тие кажуваат нешто за нивните сопственици. Што заради ракописот, што заради нивната (не)уредност, и конечно заради нивната содржина. Еве некои од нив.

Рачно пишуваниот речник на зборови на Ник Кејв од 1984 (Збирката на Ник Кејв, Уметнички центар, Мелбурн). Најмногу ни остави впечаток зборот Автогамија - самофертилизација.

Тетратка на Марк Твен од 1884, во која експериментира со неколку цепки имиња на книжевни карактери кои веројатно ги планирал за некоја од неговите книги.

Дневникот на Мерлин Монро. Од „Фрагменти: песни, интимни забелешки, писма" од Мерлин Монро. Вели: „Не можеш да се држиш до ништо друго освен до реалноста".

Страница од една од тетратките на Курт Кобејн.

Дневникот на Фрида Кало.

Дневнички запис на Шарлота Бронте, 1836 (ништо не успеавме да прочитаме)

Страници од „Патниот дневник низ САД" на Алберт Ајнштајн (очигледно има врска со некаква ајкула)

Тефтерче на Џек Керуак, 1953

Список на обврски на Томас Едисон, 1888. 

28 мај 2012 - 21:29