Пролетниот број на списанието Lapham's Quarterly, тематски посветен на средствата за комуникација, пренесува грст бисери од белешките кои ги оставале овие средовековни замени за тастатура или фотокопир, на маргините од делата на кои макотрпно работеле.
Еве некои од нив:
Многу ми студи.
Оваа страница не е напишана баш бавно.
Нов пергамент, лошо мастило. Немам што да додадам.
Пергаментов е шуга.
Уф, ракава.
Сега кога напишав тоа што требаше, жити сè дај нешто за пиење.
Пишувањето е жива мака. Ти ја разболува кичмата, ти го заматува погледот, ти го искривува стомакот и колковите.
Св. Патрик од Армах, спаси ме од пишување!
Како што пристаништето е добредојдено за морнарот, така е и последната линија за текстот.
Ова е тажно! О мала книго! Ќе дојде денот кога некој ќе погледне врз твојата страница и ќе рече: „Раката која го пишуваше ова веќе ја нема"