Заштитете си ги книгите - со клетви

Во средниот век правењето книга подразбирало години и години работа. Писарите се кичмеле над ракописите, осветлени само од природно светло - свеќите биле преголем ризик - и минувале часови и часови секој ден рачно испишувајќи букви. Нормално дека биле ифрит лути ако некој им ја уништел или украдел завршената книга. 

Со оглед на екстремниот напор вложен во создавањето книги, писарите и сопствениците на книгите имале јак начин да си ги заштитат делата. Ја користеле моќта на единственото со што располагале: зборовите. На почетокот или на крајот на книгите, биле испишувани драматични клетви упатени кон потенцијалните крадци или уништувачи. Физичка болка, страдања од секаков вид биле казните за несоодветниот однос кон книгите. Имало и некои не толку физички како екскомуникација од црквата, но веројатно „да ти истечат“ очите било поубедливо.

Марк Дрогин, автор на книгата „Анатема: средовековни писари и историјата на книшките клетви“ вели дека клетвите биле единственото нешто што ги заштитувало книгите. За среќа тоа било време кога луѓето повеќе верувале во нив. Ако некој скинел страница од неа, требало да умре во агонија. За разлика од некои луѓе (дури и познати автори) за кои сме слушнале дека кинеле страници од големите каталози со весници и списанија во Универзитетската библиотека (уредно, со мало ножиче), луѓето од средниот век не сакале да ризикуваат.

Иако клетвите звучат како куриозитет, тие всушност покажуваат колку им биле важни книгите на оние кои ги правеле кога немало печатници, компјутери и дигитални изданија. За да има и визуелен приказ на казната опишана со зборови, клетвите биле придружени и со илустрации:
 

Ако мислите дека ова може да помогне, заштитете си ги вашите драги изданија со следново:

Si quis furetur,
Anathematis ense necetur

„Нека мечот на анатемата го пресече
оној кој ќе ја украде оваа книга“

Можете и да бидете покреативни од повеќето писари кои согласно нивната професија ги препишувале дури и клетвите. И да вметнете и некои посовремени зла кои можат да го снајдат оној кој краде или не враќа книги, освен пекол

Извор

19 мај 2021 - 12:38