Од „клетвата“ на саркофагот на египетскиот фараон Тутанкамон, до современи начини на колнење и пцуење, нова изложба во Музејот на комуникација во Берлин ја следи историјата на еден универзален елемент на човечкото однесување.
Во средниот век правењето книга подразбирало години и години работа. Писарите се кичмеле над ракописите, осветлени само од природно светло - свеќите биле преголем ризик - и минувале часови и часови секој ден рачно испишувајќи букви. Нормално дека биле ифрит лути ако некој им ја уништел или украдел завршената книга.