
Во почетокот на 1990-тите години, на полската џез сцена се појавува еден неочекуван правец – џез интерпретации на делата на Шопен. Иако на прв поглед спојот меѓу романтичниот пијанизам и слободната џез импровизација изгледа невозможен, токму во Полска тој стана најоригиналниот и најавтентичен придонес во современиот европски џез.
Клучната пресвртница е албумот „Шопен“ на триото на Анджеј Јагожински, снимен во декември 1993 година. Тој проект не само што му донесе награди и признанија, туку предизвика вистинска лавина на слични обиди кај други пијанисти. Најпреработуваното дело притоа е Прелудиумот во е-мол, Оп. 28 бр. 4 (видео долу) – кратка, но богата композиција што овозможува слободна импровизација без да се загуби препознатливиот дух на Шопен.
Јагожински во својата обработка го задржува симетричниот облик на оригиналот, но му дава боса нова ритам и нова текстура. Прелудиумот се претвора во џез стандард: со импровизации и дијалог меѓу пијано, контрабас и тапани. За разлика од класичните интерпретации, тука темата станува само појдовна точка за создавање нова, современа композиција.
Иако дел од музичките пуристи ги осудуваат ваквите „профанации“ (читај: сељачизми), авторката на труд во списанието „Интердисциплинарни студии во музикологијата“ од 2011, Патриција Мадела, потсетува дека уште од ренесансата уметниците создавале дела врз основа на туѓи мотиви. Според неа, живееме во време кога „музиката произлегува од музика“, и токму преку такви преплетувања се создаваат нови естетски вредности.
Импровизацијата – суштински елемент на џезот – всушност му била блиска и на самиот Шопен, кој често импресионирал со својата способност да создава нови варијации на дадена тема. Токму затоа, вели Мадела, ваквите џез интерпретации не ја нарушуваат, туку ја оживуваат традицијата.
Со спојувањето на два света – романтизмот на Шопен и импровизацијата на џезот – Анджеј Јагожински покажuva дека класиката не е музејски експонат, туку жив извор на нова инспирација. Со нетрпение го очекуваме вечерва на отворањето на Скопскиот џез фестивал.
Целата програма тука