И ми Македонци сполај на Бога, онога што га слависмо од прошли четвртак до ичера малтене, прослависмо д'нска и Д'н на Европу. Колко смо дел од Европу, толко и ќе славимо. А што е тој Европа, само Бог мил и Владика Петар знаев. Они све знаев, чак и оној што не се е догодило. И такој, ај Христос Пападопулос, некако не потера сас славење и лумперајке, да просто чиниш дека само у Македонијата, Исус е воскреснаја два пут. И слависмо, и слависмо, и цел државан вр' иде да пали свеќе по црковни вакуфи, гревови ед'н куп а малко свеќе што пред безгрешници до крај горив, и еде се и пи се на цело немање по повод празник на трут, а Петре Владика у свој елемент, мудрува како селски кмет на тему жене и разводи, и ме нервира, па ме нервира, да ми се идеше да га најду, и да му гу оскубу туј брадицу што ги напада тија што ги и он лично загледује.
Поштено, како нежења, требало би да си заќути. Па од куде па он знае на крај крајева како се понашав жене, ако тамо у СИНОД ни мува од женски род не прелетује. Тија што му служив, и они су мужи. Тија што га возив у SL 500, и они су мужи, односно, Петре се разбира од брак и брачни воде, како што се ја разбирам у поповску мантију. Женееее, женееее, разводи, бракови, бркови. Е мој Петре... Тој што не си се оженија ти е голем гре... Ти немаш појма кој лезет е да ожениш кумановку на пример. Ма, лепота...
Да се беше оженија за кумановку, немаше ни да помислиш да се жалиш од жене и брак. Све ќе ти беше потам'н, ќе си тераше старост (ако гу дочекаш жив и здрав), ќе си поеше песму док никој не те слуша, жену ќе си слушаше, па ако имаше две главе, ќе искочеше на ТВ, ама да кажеш колко ти е жена добра и послушна и како к'д си добар, даде ти да фрљиш око накуде утакмице што не се плаќав.
Збориш за разводи, фрљаш анатеме накуде напатен свет, а појма немаш мили попе, колко е уствари тешко да се оконча нешто што треба да трае. Колко е тешко да се исчував деца к'д си и мама и тато, колко е ѓаволски тешко да бидеш разведен у општество у кое све е забрането, а да си разведен е љага што стои на образ, и која те прати како сенка док си жив. Крив или прав за развод дедо Владике, нема. За свак развод, секс или расправију, увек треба двоица. Еве, наш Премиер е разведен и преженет. Он е пред све обичан човек, а и побожан е, видујете се лево-десно, прашај га. Прашај га како си е прошја после прв распад. Прашај га кој е бија крив. Ама, све мислу дека његово га биваше некако, немаше деца, па можда му е било и онакој, опуштено... Прашај некои министри од Владу, и у тој жито има кукољ, у твој жаргон кажано. И доста, прекини више, јер, стварно не си компетентан. А ако па толко си сигуран у тој што га кажуеш, кажи га извор на информације, кој те подмитуе такој да збориш, не биди Жерновски, мајку му...
Фрљаш клетве, осудуеш, шириш омразу, а не гледаш дека у овуј државу се давимо у мизантропију, не гледаш дека туј и овде, не смееш да бидеш другачији. Не смееш да помислиш да бидеш свој на свое. Кога ти сакаш, не смееш да сакаш, кога ти нејќеш, не смееш да нејќеш, ако ти кажев иди и у туј цркву се крсти, мора да идеш, ако ти кажев гласај за онога, ти мора да климаш сас главу, ако ти кажев дека си педер, не смееш да се љутиш, ако ти кажев дека мора да родиш, на абортус не смееш да помислиш, ако си роден како геј, осуден си да цркнеш... Мржња не покоси дедо Владике, а ти тој, или не га гледаш, или нејќеш да га видиш. Све што е различно у овуј државу, мора да се мрзи...
Е мој Дедо Попе Владике Петре...
Л'ко е да се мрзи, тешко е да се сака... Б'ш такој. Сви ми сакамо некога и нешто, а мрзимо заради активно незадовољство. Фрустрације, предрасуде, општество на незадовољну масу. Ете тој смо ми заедно сас тебе у ист пакет, Свети Синоде Петре. Ти си ваљда женомрзац, па затој такој збориш. Некоја те е здраво изгорела, па после њума све ти се црно види. Или си изгорен, или па од што не можеш да си приуштиш жену и цело оној задовољство што доваѓа сас њума, шириш говор на омразу. Ти мрзиш, па и т'ј до тебе пошто мисли дека умно збориш, па од вас ќе чуе и он'ј па и он ќе почне да мрзи, сее се семе на мржњу, шири се омраза како жутица и куга.
Република мрзи све живо Македонија ни е име
До пладне мрзимо себе, од пладне и све живо...
Ете такој... Л'ко е да се мрзи, тешко е да се сака...
Такој пишувало на постери на тија што сакав да кажев дека и они знаев да сакав, и сакав да бидев сакани. И они у себе љубав чував. И добри су људи. И добро на свакога мислив. Ама они су различни, па затој ги сви мрзив. Од проклету мржњу, тепав ги ако застанев да кажев кои су, кинев им постери ако покажев дека постоив, терав ги сас силу да бидев нешто што не су, да бидев како што некој сматра дека е нормално, нож под грло им стављав...
Кините ги, на парчиња ги сечите, они и даље ќе знаев да сакав... И даље, добри људи они ќе бидев
Е мој Петре...
Твои колеге северно и јужно од тебе по лоши дела се прочусва. Кобајаги по Бога, а они пред закон ќе мора да се исправив. Ти овамо антиженски излитени фразе дрндаш, жене ти сметав, трн су ти у око. Уа Пахомије, уа Качавенда, уа Петаре, уа за крстови кои ги на груди тесни носите.
Ширите бре љубав, ширите толеранцију, ширите нешто што га е и сам Исус проповедаја. Викајте им на људи да се сакав, да се поштуев без разлику кој е и што е, научи не цркво да сакамо, научи не Европо да љубимо...
Доста не учите на мржњу и проклетство...
А и ти Боже...
Прибери ги више овија твои следбеници, јер, или они се за нас погрешно молив, или ти ги погрешно разбираш...
Автор на овј текст е непоправљив самохран борац за човекови права.