„Дете од лоша фамилија"

Татко ми и мајка ми биле простачки убав пар.
Тој височки слаб со голем нос
боемчина
Џентлмен пошто знаел да свири ама не свирел пред луѓе на хармоника за нејзе да не ја брука
Таа црна со светли очи и со тенка половина.
Се засакале.
Се држеле за рака.
Спремни биле и ме чекале.
Там'н после свадбата една година
Ми извадиле човече... свиња...
- скоро четири кила.
И одма мајка ми почнала да ме стега.
Да не ме дава.
Да плаче.
Да ме стега на градите како на покоен син мајка фотографија.
Како икона.
А потем да не и паднам не сакала да ме земе во раце.
Потем не можела сама со мене.
Потем чаршафот го стегала меѓу заби и плачела.
Докторот рекол ќе мине – само кратка пост натална депресија.
А татко ми знаел дека преголема љубов уште малце уште трошка би ја убила.
Знаел дека ќе се случи сето тоа кога му го раскажала сонот за врапчето што го стегала во раце од милост зимата
од страв да не и умре и да не му се деси нешто
врапчето во дланките да го заштити видела дека го задушила
Тогаш татко ми престанал да и дава се што му поминувало низ глава
престанал да и ги пишува најубавите љубовни писма одовде до Индија.
Престанал да и кажува што му е него уствари таа
Престанал да и шепоти на чудни јазици дури таа спие.
Почнал и тој да се плаши.
Почнал и тој да се плаши од љубовта нејзина.
Почнал како да ја тера да се напие
од распукан хидрант на улица вода да се чувствува.
Почнал сам да се окривува.
Тоа на времето како сега го паметам.
Незнам дали имав 2-3 месеца кога ги чувствував обајцата кај нејзе во стомак .
Ама знаев дека ќе се промени.
Јас дојдов затоа.
Дека ќе се промени знаев се оти уште тогаш ме прати Бог како казна.
Ќе одиш и ќе средиш ми рече
види таму молимте жити мене да не праиме проблеми.
Ти давам ете сам да средиш некое време.
И средив.
Сега им е лесно.
Сега еден за друг кур ги боли обајцата
Си живеат ко обични дечко и девојка
Час се раскинати
Час опет се во врска.
Некогаш мислам дека неможат да се гледаат од што си се одвратни
Некогаш мислам дека се пукаат ко луди
Ама сега им е лесно
оти мене ми го префрлаат вишокот од љубовта
јаден си ?
имаш пари ?
што сакаш да ти направам за јадење
сакаш нескафе?
што сакаш да ти купам утре?
Со пичица работа?
Добар си ?
Супа жити мене супа!
Ти ја платив од Неотел сметката!
Добро ова меѓу мене и тебе никако на татко ти!
Добро ова меѓу мене и тебе никако аман жити мене да не ја секираме мајка ти!
Некогаш се чувствувам како дете на радоста
некогаш како дете на нивната тага
Се плашам да се оженам
Се плашам да се заљубам
да имам јас жена
оти и јас бев со нив кога се заљубија
кај него
кај нејзе во крвта
во сето скриено
во потсвеста
во она делче кое дава и зема живот споив во мене љубов колку за дупла душа
јас бев посредник меѓу нив и бога
јас во рајот маса им резервирав кога се засакаа
се сеќавам како е
отаде разумот отаде вселена
јас бев љубовта нивна
јас сум злосторот од нивната преголема љубов
јас сум казната за тоа што претерааа и го увредија Бога.

За да знаеш кој сум
За сега да знаеш и да спиеш мирно оти тебе нема да те убијам.
За да знаеш дека си пратена и пратен пред тебе од ѓаволот.
За да не го јадеме пак курот од оној горе и ние обајцата.
Го молам да ме оставиш и да ме земе мене во 3 сабајле оти ти не си ништо дужна!
Го молам него преку маглата.

Остај ме !
Те оставам!
Јас сум дете од лоша фамилија.
Ти го пишувам писмово.
Утре ќе ти го пратам по пошта.
Од кога не си добила писмо?
Писмо пишувано долго и тешко.
Писмо со вдлабната хартија горе лево од солза.
Писмо со нерамна солена хартија долу десно од испотена машка дланка
ѓоа не е маж ами дете пред приредба во градинка.
Толку од мене.
Толку за мене и мојата историја.
Не смеам ! Не смееш да ми веруваш!
Не смееш да ме пуштиш внатре.
Најди си фино дете.
Титни.
Кажи му на свети Петар
Мојот знак во тишината врз срцето твое врежан од кого ти е
Кажи му ако не ве пуштаат горе кога ќе дојде време.
Во меѓувреме јас ќе бидам тука.
Ако имаш друго нешто мака јави се.
Познавам луѓе кои имаат по 3 грама љубов во крвта.
Живеат
супер им е – сакам и ти да си од нив една.
Да си тапа.
Најди си фино дете.
Роди му четири деца.
Јас не знам да мразам.
Оти сум само излишна љубов.
Оти сум само реинкарнирана тага.
Ќе ги шетаме во парк во недела.
Ете сега знаеш.
Се што сакаше да знаеш ти кажав.
А сега послушај ме.
Остави ме.
Стани од масата
Стуткај го и фрли го писмово во корпа.
Не секирај се пак ќе сакаш
Ќе се заљубиш после ќе ти помине ко настинка.
Остави ме оти ќе те убијам.
Остави ме оти на триесет ќе ме умреш.
Остави и разбери оти двајца не смееме.
остави ме оти овие двајца моиве едвај се спасиле
остави ме оти може да биде касно
оти јас и ти може со две срца да родиме дете...
со очи ѕвезди
со допири изгореници
детенце наутро дур го носиш во градинка по улици што ќе пие души место од фруктал кашички.
Вети ми !
Остави ме.
жити мене ...жити ние.

Навечер касно морничав шепот ми трепери во слепоочницата
вели ти не смееш да ја пипнеш оти нов исус лежи во нејзината утроба.
Ако се споите.
Ако сте заедно вие двајца.
Ќе го погледаш Злото право во очи
ќе те погледа и тебе во очи Бездната!
ќе го погледаш Злото во најчиста форма
-неможеш ни да си ја замислиш казната!
Ќе умираш со брзина на светлината по неколку пати во една секунда
отаде разумот
отаде вселената
така вели таа Љубовта мајка му од Бога
што го чува и него од Зло
што ни мисли и тебе арно
таа темна љубов што ги крепи столбовите на земјата.

Што се огледува во дното од твоето лево око.
Што ти намигнува од мојата десна зеница.
Отаде разумот.
Отаде вселена.

Утре е петок.
Утре е крај на светот.
Во Струга е пазарен ден во сабота.
Којзнае колку ќе е кило зелка ради тоа...
Задутре немој си ме побарала!
Остави ме!
Ќе ти ја допишам во сабота тамн на раат без никој на светов од горе оваа песна.
Таман неделата не сме на работа.
Ќе викаш ајде ајде дај да ја прочитам да ти ебам мајката.
Ќе го земам листот и ќе го стуткам и ќе го проголтам.
Ќе го спотерам со текила.
Ќе ти кажам еве ја - земи си ја!
Потем ќе те гушнам.
Ќе те залапам.
Крвта ќе ти ја загадам со поезија како река покрај фабрика за моторни масла.
Ќе трепериш.
Ќе треперам.
Ќе трепериме заедно дур ни лупа крвта низ вените како басот од Невозможна мисија песната
на метеорит 200 X 160
во црна дупка од мемори пена
Сами на светов ќе не распне Бог обајцата утрината.
Оти те сакав повеќе од него.
Оти те ме сакаше повеќе од него.
Ќе крвариме
ќе му се смееме во фаца.
А потем се наново.
И седум дена и животни и еднорози и диносауруси и втора свестка војна
-јас и ти во други тела.
За рака фатени кај тобако два.
Спроти Палма.
Се смееме.
Се заљубуваме после два дена.
Нашиот нов бог се смее од небеса.
Од моја крв.
Од твојата утроба.
Не плаши се.
Ни јас
ни ти
ништо на овој свет не е вистина.
Остави ме !
Те оставам!
Се гледаме отаде разумот.
се гледаме отаде вселена.
Штознам ај на раат во сабота после апокалипсава а?

Лешоски

 

27 април 2013 - 17:21