Џукела е име за човек

Вчера се враќав дома во полумрак. За да стигнам, требаше да одам некои 3 метра низ паркче, каде што нема патека. Дали имате претстава колку пати потскокнав у страна за да избегнам кучешки измет? Пет. Со бројка – 5. Во 3 (три) метра простор. Веројатно од страна изгледав како од Ministry of Silly Walks.

Па пичка ли му материна.

Не знам вие сопственици на кучиња како тоа размислувате и што ви се чини дека значи чувањето на животно, ама кога сте веќе гнаси скапани, ајде да бидеме гнаси до крај.

Од тие пет купови кучешки гомна, 2 беа како од слон. Веројатно да ги погодев, ќе се удавев у нив. Не ми се верува колку сте одвратни. Вашето куче е можда сонце, али нема доволно разум да смисли каде ќе остави измет. Затоа сте вие тука. Да земете специјални ќеси, или ќеси за замрзнувач, или ќеси од супермаркет, или крпи, или ракавици, или ќеси за ѓубре, ма ако сакате и со заби ДА ГО ОТСТРАНИТЕ ГОМНОТО што вашето куче го оставило. Затоа што, знаете, вашето куче не е само за сликање, или за праење смешни клипови, или за гушкање, или за гњавење пријатели што немаат куче. Ништо, ама ништо не ве оправдува и немате никаков изговор да оставате гомна по улици, паркови и секаде каде што шетаат луѓе.

Читавте за идиотот што труе кучиња во Ново Лисиче? Ни тој ништо на светов не го пере и кој знае кај ќе му иде душата, ама не мислите дека такви пациенти, едно обично газење во гомно може да ги полуди? Размислете. Кучињата се ВАША одговорност.

Но, вам не ви иде памет. Вие би упорно да се праите дека вашето куче кака виножита и мед. Затоа и се надевам дека ќе воведат љути казни за таа одвратна неодговорност. Онака, по 500 евра од гомно. Па да видиме дали некој ќе може да се прави на Тошо.

Во меѓувреме, сите што не чистите зад своите кучиња, ви посакувам еден ден кога ќе се вратите од работа, вашето куче да го има искакано секој квадратен сантим од станот, гарнитурата, кујната, четките за заби, ѕидовите, кваките, и откако ќе чистите 4 дена без престан и конечно ќе спуштите глава на перница, да сфатите дека сепак и перницата ви ја искакало. А оно да ве гледа со истата таа слатка фаца што со гордост ја споделувате на Фејсбук пропратена со слатки гугања.

Кучињата не се криви. Вие сте гадни.

Јана

nultapozitiv@yahoo.com

5 декември 2013 - 10:37