Бел Шеќер дел.1

Зошто сакам ХипХоп Музика?

91 ва година мојот пријател Таз ми пушти касета од House Of Pain.

Луѓево растураа, не ми беше јасно? Бели се!?

Проста работа навидум... 4/4 ски такт кој си се повторува, а и немора да значи и фрагмент од музичка линија врз истиот, на пр. Бас линија, Клавир, Виолина, Гитара... било што, дури и шум од плоча!

Тоа е ХипХоп музика.

Назад во 91...

Нема шанси ова да го рапуваат белци! Тврдам одговорно!

Таз ми ја пушта касетата (ВХС-древните земјани го користеа тој формат за снимање на Видео Материјал) со спот од "Shamrocks and Shanenagans-House Of Pain" и тие се...белци!!!

Хах... (со Хонгконгшка синхронизација од Кинески на Англиски) па и ние можеме да правиме рап!

Години подоцна кога ми текнува на оваа случка, веќе рапот (ХипХоп) е глобален феномен и постои во речиси сите држави (со чесни исклучоци како НДР Кореја,Замрзнатите Конфликтни Земји на бившата СССР ,Иран и сл.) и се практикува на илјадници јазици и дијалекти.

Слушајќи ги ги постарите рапери во детството (постарите мислам на Krs, Cypres ,House, Onyx, PE, Wu, Pac...) ми стана познат концептот и идејата околу која се врти ХипХоп филозофијата...во глобала се е околу животот на артистот и луѓето што го опкружуваат, како и повремени туторијали за елементите на истата музика+приказни за случки (било вистинити или не - поентата е иста)

Касета да најдеш во тоа време беше равно на невозможно...ликови што сега ги пишуваме на Нет и за секунд-дискографија, у тоа време неможев ни да замислам да ги најдам.

Со Инфлуенце бев скаран (снимките на касета му беа ужасни и чинеа 155 ден или 300 сегашни+инфлација) а во Југотон ги имав купено сите рап касети и штом ќе се појавеше нешто ново во Поп-Топ или у Буњаковец Трговскиот (имаше една продавница у ходничето) ги зимав одма (се разбира со Таз праевме 1 примерок јас, еден он па пресними си и вицеверса) без да ги знам или само да сум чул за таа група.

98% од купената музика беше ВРВ...во 90 сетите немаше лош ХипХоп, дури и помеките работи ( да не речам комерцијала) како Heavy-D, KrissKross, Jazzy Jef and The Fresh Prince звучеа одлично.

Такви беа годините...звукот на девеесетите, а од оваа страна на Барата имавме обиди како Нулта Позитив (генерално прифатливо), Ена Веко (...), и еквивалентот на денешната комерцијала, господинот Ристо Бомбата (земи си инструменталка од Амерички Хит и пре/свири/пеј си ја за неуката раја) што се однесува до нешто што можеше да се чуе на радио или недајбоже да се види на телевизија (МТВ, истата.) и Андерграундот во вистинска смисла на зборот, со касети од другар што чул или знае некој што видел како...Мост Вонтед, Чиста Околина, Уличен Ритам...С.А.Ф. па од 95 наваму и ние (Против Сите ...касетата со првите снимки од 91-92 е засекогаш изгубена) бевме првите луѓе што идеа на Канал 103 во емисијата Црна Хроника (Четврток од 20 до 22) и ХипХопот во Македонија веќе здраво дишеше и почнуваше да станува свесен за себеси.

http://www.youtube.com/watch?v=8y_VFGrGnCE

http://www.youtube.com/watch?v=eBShN8qT4lk&ob=av2e

 

25 април 2012 - 14:58