- Во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликација м.Услуги, во која ќе бидат достапни дигитални верзии на личната карта и на возачката дозвола, најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
- Преку м.Услуги, граѓаните на едно место ќе можат да пристапуваат до личните документи во дигитална форма како и до електронските услуги на администрацијата. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно преку мобилен телефон.
- Министерството во изминатиот период интензивно работело на прашањата поврзани со сајбер-безбедноста, заштитата и начинот на чување на личните податоци, како и нивната размена со МВР, кое е сопственик на податоците.
- „Во завршна фаза сме на усогласување и потпишување на протоколот за размена на податоците, како и на тестирањето на апликацијата. Сакаме, пред таа да биде достапна за сите, да бидеме сигурни дека системот е стабилен, безбеден и едноставен за користење. Апликацијата ќе биде достапна на App Store и Google Play, а нејзината тест-верзија досега ја презедоа околу 6.000 граѓани“, рече Андоновски.
- Следниот чекор во дигиталната трансформација е мобилниот телефон постепено да стане дигитален паричник преку кој граѓаните безбедно и едноставно ќе пристапуваат до своите документи и до услугите на државата.
- Украина ненајавено остана без целосен пристап до интернет-услугата Starlink на Илон Маск, што ѝ ги блокираше операциите на бојното поле против руските трупи.
- „SpaceX, компанијата која го управува со Starlink, поставила ограничување на брзината на терминалите во Украина кога дроновите управувани од системот надминувале брзина од 100 милји на час“, изјави Серхиј Бескрестнов, советник во претседателот Зеленски.
- Бекстренов оцени дека компанијата на Маск веројатно дејствувала по барање од претседателот Трамп, кој во саботата го зголеми притисокот врз Зеленски и побара да престане да ги напаѓа руските рафинерии за нафта.
- Маск на својот профил на Икс коментираше: „Зеленски отиде предалеку“.
- Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој, по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеше дека таму нема здравствен случај.
- „Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеа работите на виделина какви се. Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа бидејќи во основа таму нема здравствен случај“, вели Клековски.
- Татко ѝ Симеон Михајлов исто така има избегано во Бугарија по пресудата од 12,5 години затвор за случајот „Детонатор“. Во моментот македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива Михајлова и по Симеон Михајлов.