1. „Ќе потемни.“
Свака част како имате нерви да се заберете до Грчка за два дена, ја да ви кажам. А тек па на еден ден, тоа ми е тешка категорија. Па мене ми се стешкува после саат ипол на плажа и после ми треба да одлежам на поладно за да си дојдам на себе, а не па цел ден да се трудам паметно да ја искористам секоја секунда и секое зрно песок, за на крај да морам пак у кола (недајбоже автобус) и дома. Второ, кога се иде на два дена, обично се иде у близина, а близина значи дека таму веќе има Македонци, опремени со громогласни довикувања, љубопитност и натоварени коли, оперирани од осет. Секако, со стратешки исунчано тело со боја на цвекло, во придружба на свезналачкото „до утре ќе потемни".
Мислам, минус цвеклото, тоа све има и во Скопје, само што луѓето се понеразголени и понерасположени.
2. „Те барав, не си достапна“
Една серија од непријатни настани моментално ме тера рачно да го пишувам ова (апдејт: сега да го прекуцувам), затоа што компјутерот не ми е при рука, а телефонот е директен учесник во истите тие непријатни настани. Имено, можда треба да идам да му баат против уроци, пошто, прво падна и се распука екранот. Имам нарачано нов, па се заинатив дека ќе шетам со скршен екран. Него не му беше доста, па за некој ден од прилика реши да престане да се пуни и скроз да одбие послушност. Мене ме фаќа уште поголем инат и реков ќе функционирам со Viber For Desktop. И тој Вибер реши да ме избаци додека не докажам дека го имам и на телефон.
Сега ќе морам да го поправам дур да дојде новиот. Него, оваа глупа прикаска на страна, знаете ли што значи да немате телефон? Никој не може да ве добие. Не дека мораш да дигаш телефон на секој што ѕвони, ама тоа притисокот на секое ѕвонење и дилемата дали да продолжиш најинтровертно да зјапаш во екранот додека не запре утепуе. Се осеќам ко на годишен одмор. Значи, ако сте сиромашни, а не ви се клацка до Грчка, исклучете го телефонот и гледајте серија. Замислете само колку е јако и да се сретнете со дежурниот гомнар во вашите животи, и да ви рече „а бе, те барав, што не си достапна", а ти креваш раменици, а од внатре ти растат рогови и се смееш со зашилени очњаци.
3. „Ние знаевме!"
Иначе деновиве дознавме дека Македонецот, без разлика што без мускули е џитнат да плива во ЛАВА, многу така знае да се пошегува на сметка на една вековна империја. За жал, империјата не може глава да дигне баш од такви што ги гледаме по автобуси кај нас, али остај Балканците, до гуша у гомна, ќе фаќаат сеир дека и некој многу јак и голем се сопнал на човечка неинформираност. Па што не не прашаа нас, ние знаевме! Затоа и живееме вака добро!
Not.
4. „...“
Не мора секогаш да се има поента, денес многу посериозни работи немаат поента. На пример, да се расправаш со луѓе што не заслужиле, постоење на Устав, постоење на жмигавец, да се секираш дали некој измишља по град дека си курва место да си ја планира свадбата, магистратурата, да замишљаш дека постои граница до која можат да одат некои јавни личности без да се изглупираат. Ова е можно да важи само кај нас, ама треба да проверам.
5. „Најлидери у најрегионот“
Една од најјаките статии неделава ми беше на njuz.net, со наслов „SRBIJA, MAKEDONIJA, ALBANIJA, CRNA GORA I BIH: VELIKA BRITANIJA MORA DA ISPUNI USLOVE UKOLIKO ŽELI DA IZAĐE IZ EU". Ваков-таков, ако за нешто го бива, Балканот е измислен за шали на сопствена сметка. Само муката е што, колку и да е смешно и лажно, има една многу длабоко укотвена причина што авторот на текстот решил баш Македонија да ја направи zemlja koja trenutno predsedava Neevropskom unijom.
Ете така, да расчистам ова коровов по бавча.