Дали бил трол, или вонсериски кретен, не престанува да биде забавно.
Во конкретната вест, што така педантно беше пренесена од неколку македонски портали, Бред Пит, мудро сокриен зад името Pitty Brad, се претставува, кажува дека прилично језиво ги набљудувал сликите на пејачката и конечно и предлага да се заветат на вечна љубов, затоа што е совршената жена.
Па после, реакциите, дел доскочици дека она е среќна особа, дел секојдневниот коментар дека македонските портали се отров за ум и душа. Но, бидејќи ова не е едно, не е саде она, и не е саде тука, имам начин како да се справи човек со ваквите прекраснотии.
Нема одма да прифатам. Ќе се срамам и ќе се плашам од новата иднина што ќе засветка пред мене, како сопруга на Бред Пит. Ќе се мигољам и ќе го терам да ме убедува. Ако не му здосадам, ќе почнам да замарам како он тоа правно ќе го реши, па стварно ли не ја сака, па она му купи остров, нели нема смисла. Па сите тие деца, како ќе го решиме тоа, ќе доаѓаат ли кај нас, или ќе ги среќава по паркови? Ќе бидам ли јас жигосана како уништувач на домови, ќе издржам ли да бидам тоа што Анџелина Џоли ѝ беше на Џенифер Анистон?
Каков терет е тоа, ќе му речам. Ќе ме сакаш ли доволно ако стане премногу тешко, и слични глупи коментари.
Ако и после ова е он доволно упорен дека е сепак Бред Пит лично, ќе се охрабрам. Ќе го терам да доаѓа да се најдеме, и кога он ќе рече дека е презафатен со снимање, ќе почнам да мрчам. Ќе замарам дека толку ме сака, дека еден човек што сака да те ожени, треба да биде спремен да ти посвети внимание.
ВАКА ЌЕ БИДЕ СЕКОГАШ? ТИ ЌЕ ИМАШ СНИМАЊЕ, ЈАС ЌЕ СЕДАМ САМА ВО СКОПЈЕ? ТОА ЛИ САКАШ?
What have you done for me lately?
Овде веќе, ако не се лажам, Бред Пит веќе ќе зажали што ме побарал за жена и веројатно ќе престане да ми пишува. Ќе му текне дека му е боље да си седи на островот со жена му, односно, да си продолжи со захтевниот животен стил на досадна Фејсбук персона, што ноќите ги поминува гледајќи слики од рандом девојчиња, и да се надева дека следната нема да биде вака фатена ко пијан за плот за неговиот предлог.
Ако не ме мрзи (а можно е да не ме), ќе продолжам да му правам љубоморни сцени, секогаш кога ќе искочи слика од Бред Пит и Анџелина Џоли заедно. НЕЛИ ЌЕ ЈА ОСТАЕШЕ, НЕЛИ ЈАС БЕВ СОВРШЕНАТА ЖЕНА, и слични други пригодни драми.
После ова, сепак не се надевам дека он ќе престане да го прави тоа што го правел до сега.
Ама на трол со трол се враќа. И на цреп со трол се враќа.
Исто така, ако веќе бивам искрена, вака секогаш зборам, и после, за жал, одма ме мрзи. Така што, уште едно решение, далеку поедноставно и далеку покорисно во однос на вашите дневни обврски и задоволства, би било да се ИГНОРИРА ваквиот Бред Пит.
Ама тоа веќе сигурно ви беше јасно.
Буб.