Значи, не би рекла дека хронично каснам. Не е дека не ме чекале луѓе, не е дека сум тотално невина во тој поглед, ама гледам да пазам.
Прва глупа причина е сеприсутниот, вечен недостаток на гардероба. Чувај Боже порано да станам од компјутер или книга или работа и да смислам што ќе облечам пред да треба тоа да го правам муњевитом брзином затоа што е пет до дванаесет. На Нова Година лани каснев затоа што не можев да си ја најдам сукњата. А за тоа, као, треба да знаеш унапред кај ти е тоа што ќе го носиш.
Или не ми е исушена косата. Некако успевам да се спремам на време, и сфаќам дека е ноември и дека нема више излегување со влажна коса. Па ми ѕвонат, а јас не го слушам телефонот затоа што има фен.
Или косата едноставно нејќе да се среди. Неверојатно е како некад знаеш да се разбудиш со коса како од филм, ама ако треба да бидеш спремна за побитен настан, а не трпиш фризер, оно нејќе и нејќе.
Анегдота.
Излегувам од туш и облекувам маица и чорапи (не гаќи, они висат на закачалка у купатило, спремни). Во таа состојба успевам да си ја соберам косата со рака, нехајно, колку да видам како би ја носела вечерта. Тоа потфаќање со рака станува најсовршената фризура од типот „необавезно собрана, али делува како да е 5 саати правена на фризер", а јас ја држам со рака. И немам ниедна штипка на дофат, све ми е у спална, а јас не сум доволно облечена за да претрчам – стајлинг: 2-годишно женско дете на плажа. Така, со една рака ја држам косата во истата положба, а со другата облекувам гаќи и размислувам колку тоа идиотски делува од страна. Додека да стигнам до спална и да ја закатанчам косата во таа положба, она више не е таква. И според некое глупо правило, никогаш нема пак да ми успее така. И веќе каснам.
Или паркинг. Ова може и да спаѓа под елементарни непогоди, ама секако се сведува на тоа дека треба да знаеш кога да излезеш од дома во зависност од реонот каде што треба да се паркираш.
Назад на глупости. Секој ден се шминкам и не правам експерименти често, така што, потребни ми се некои 5 минути.
Нo!
Секогаш кога кубурам со време, се претварам во 9-годишно девојче што чачка кај мајка му у несесер и се шминка прв пат. Тушот ми се пресликува на цела фаца. Или претерувам со руж. Не ми се лепат трепките. Ајмо од почеток. А времето си тече.
Да не забораваме на ситуација: спремна, до капут, до кондури, до ташна, стигам до врата, за жал до врата има огледало, времето се разбира пак пет до дванаесет, а јас сфаќам дека не може така да искочам. Ајде назад.
Излегувам и заклучувам. Отклучувам. Шпорет – исклучен, пегла за коса – исклучена, чешми – затворени, светла – исклучени. Излегувам. Заклучувам. Каснам.
Ова све не е оправдување. Затоа, поради вакви работи си почнувам на време. Кога знам дека сум трапава и саат време порано.
И без разлика што тоа ви звучи како дива, или „ѕвездите доаѓаат на крај" или „па, има кого да чекаат", не, глупо е, ако им касниш и не им го почитуваш времето – нема кого да чекаат.
Затоа, на страна овие first world problems и да си почнеме со време. Однапред се извинувам ако каснам во иднина и ќе си го носам ова испринтано и ќе си штиклирам само. Затоа што обично секогаш касниме од истите причини.
Друго? - nultapozitiv@yahoo.com