Владе Дивац во сите ретки гостувања задолжително го прашуваат за НБА драфтот 2018-та кога не сакаше да го доведе Лука Дончиќ во Сакраменто Кингс иако ги имаше сите предуслови за тоа.
Во тоа време Дивац беше генерален менаџер на Сакраменто Кингс. Се реши за Марвин Бегли од универзитетот Дјук наместо за Дончиќ кој стана еден од најдобрите НБА кошаркари од Европа на сите времиња.
„Поточно отидов во Мадрид да разговарам со Лука, година пред драфтот. Значи дефинитивно сум на врвот на листата, но очигледно, изгледа направив грешка. Лука е неверојатен талент, еден од најдобрите играчи во лигата“, некако пак се обиде Дивац да ја објасни ситуацијата.
„Сите мои помошници ми рекоа дека може да игра ниско крило, но јас реков не, не, Лука е плејмејкер. Лука е тренер на теренот. И чувствував дека ако го добијам Лука, ќе мора да го трејдувам Фокс (Диерон), а веќе имав воспоставено врска со него и гледам дека тој е совршен за нас, тим со мал пазар, а Лука беше голем играч на пазарот“, вели Дивац.
Vlade Divac explains why he didn't draft Luka Dončić in 2018 when Kings had 2nd pick and drafted Marvin Bagley instead pic.twitter.com/OP5C549u2j
— Luka Updates (@LukaUpdates) April 27, 2026
На прашањето кога ја гледа денешната кошарка и начинот на кој се игра денес, што мисли, Дивац вели:
„Па дефинитивно е поразлична игра. Почнува со правилата, не сакам да споредувам една со дуга ера зошто не е фер, дека навистина се поразлични и правилата, поразличен е пристапот кон играта.
Но ако навистина сакате ќе кажам една работа, да играше Меџик Џонсон денес ќе имаше во просек по 25,30 асистенции по натпревар. Да играше Мајкл Џордан денес, ќе имаше по 50 поени по натпревар“, вели Дивац.
Домаќините на подкастот го прашаа Дивац дали ги гледал натпреварите од НБА, натпреварите на Лејкерс кога на 20 години бил еден од најдобрите играчи во Европа.
Тој беше избран меѓу последните на драфтот во 1989-та. Раскажува како стоел во салата „Медисон Сквер Гарден“ и го одминувал драфтот а тој веќе не бил избран, почнал да се загрижува. Но меѓу последните, го бира никој друг до големите ЛА Лејкерс.
„Да, да... Мислам ги гледавме тие легендарни финалиња против Селтикс. Јас бев за Лејкерс, а можеби 90% од другите беа за Селтикс. Паметам кога влегов во соблекувалната (на Лејкерс) за првпат, беа тука Марк Мекнамара, Еј-Си, Мајкл Томпсон... Мојата патика беше број како на Карим (Абдул Џабар) чие место беше веднаш до мене.
Шкафчињата ни беа затворени. Јас го отворив на Карим. Знаете што најдов таму? Очилата. Вие не може да сфатите колку бев среќен! Цели мои седум години во НБА лигата, во знак на почит кон Карим ги чував тие негови наочари на исто место.
Практично си му ги украл овие наочари на Карим?, се насмеа водителот на подкастот. -Знам, но многу го почитував. Го сакав. Знаете, тој беше мој идол. Јас бев голем, центар, да се работи со него и да се седи на столче до него, да се облечат негови патики... Неверојатно!“