Џ.Д. Венс: Трамп ми го лажат

Зад затворени врати, потпретседателот Џ.Д. Венс постојано го оспорува начинот на кој Пентагон ја прикажува војната во Иран е загрижен дека претседателот Трамп е погрешно информиран. Но, на јавните настапи се воздржува од критики на министерот за одбрана Хегсет, за да не создаде поделби во Воениот кабинет и да не ги загрози сопствените претседателски амбиции.

На состаноците на Воениот кабинет на Трамп, потпретседателот Венс изразил лични сомневања на јавните изјави на министерот за одбрана Пит Хегсет и генералот Ден Кејн, командант на Здружениот генералштаб, дека залихите на оружје на САД се „силни“ и дека на Иран му е нанесена „значителна штета“.

Според двајца советници на потпретседателот, Венс сепак внимателно избегнува директно да ги обвини Хегсет или Кејн дека го заведуваат претседателот. Во јавните обраќања, тој дури и го пофали Хегсет за „одличната работа во Пентагон“.

Трамп постојано ѝ ги пренесува на јавноста охрабрувачките информации од Хегсет и Кејн. Пред неколку недели, тој изјави дека штетата што ја направиле американските сили претставува „победа“ и дека залихите на клучно оружје се „практично неограничени“.

Луѓе запознаени со проценките во разузнавачката заедница велат за „Атлантик“ дека позитивните прикази на Пентагон во најдобар случај претставуваат нецелосна слика. Внатрешните проценки кажуваат дека Иран задржал две третини од своите воздухопловни сили, најголемиот дел од своите капацитети за лансирање ракети и поголемиот дел од своите мали, брзи чамци, кои можат да поставуваат мини и да го вознемируваат сообраќајот во Ормускиот теснец.

Некои советници веруваат дека Хегсет развил тактика да го каже тоа што претседателот сака да го чуе. Прес-конференциите во Пентагон се закажани за во 8 часот наутро, кога Трамп вообичаено ги гледа вестите на Фокс њуз.

Телевизиското искуство на Пит го направи навистина вешт да процени како да разговара со Трамп, како размислува Трамп“, објаснува за „Атлантик“ поранешен функционер во администрацијата.

Венс беше скептичен за војната уште пред да почне, но има повеќе фактори за балансирање: неговата желба непречено да соработува со други високи функционери, да се спротивставува на „вечните војни“, но и да не ги загрози политичките перспективи доколку се кандидира за претседател во 2028 година.

Луѓе блиски до Трамп веруваат и Хегсет има амбиции за изборна функција, можеби дури и за претседател. Кариерата на Хегсет зависи од успехот да ја задржи поддршката од претседателот по секоја цена. По првичните постапки што ја разгневија Белата куќа, тој ги надгледуваше тактички успешните напади врз нуклеарната програма на Иран минатиот јуни и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во јануари.

Тој, исто така, почна кампањата за продлабочување на МАГА во војската - поништи иницијативи за разновидност и отпушти или маргинализира голем број жени офицери. Постојано ги осудува демократите, новинарите и сојузниците на САД. Тоа го приближи до претседателот, но го оддалечи од републиканските конгресмени и сенатори.

Венс, пак, беше против војните во Авганистан и Ирак и истакнуваше дека „интересите на Америка најдобро се бранат со давање приоритет на ресурсите дома. Пред да стане потпретседател, тој предупреди дека помагањето на Украина ќе ги намали клучните залихи на оружје на САД.

Ова не е наша војна, изјави Венс.

Тивкиот судир помеѓу Хегсет и Венс допира до секретарот на армијата Ден Дрискол, близок пријател на потпретседателот. Ривалството меѓу Хегсет и Дрискол е јавна тајна во Пентагон. Дрискол понекогаш добива приоритет, како лани, кога Трамп го испрати него, а не Хегсет, во Киев за да ги поттикне мировните преговори меѓу Украина и Русија. Од интерес на Венс е да го задржи влијанието на Дрискол, од кого очекува да му помогне во кандидатурата за претседател.

28 април 2026 - 13:31