- Иако Брисел објави целосно откажување од руска енергија, увозот на течен природен гас (LNG) во Европската Унија во март достигна историски највисоко ниво од 2,46 милијарди кубни метри за еден месец. Увозот е за 38% повисок во споредба со истиот месец лани.
- Во текот на првиот квартал од оваа година, ЕУ купила 97% од вкупното производство на LNG од комбинатот на арктичкиот сибирски остров Јамал.
- Руското производство на течен гас во првиот квартал од годинава се зголемило на 6,2 милиони кубни метри (за 15,2% повеќе отколку во февруари), а извозот се зголемил на 4,6 милијарди. И двете бројки се рекордни.
- Сето тоа наспроти забраната од ЕУ за склучување краткорочни договори за купување руски течен природен гас, која е на сила од 25 април. Долгорочните договори за набавка ќе бидат забранети од 1 јануари идната година.
- Политиката оди контра пазарната логика. ЕУ се откажа од вториот најголем извор на гас во период кога ѝ е блокиран пристапот до LNG што го добива од Катар.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.