
„Батали спасување на планетата,“ ја отвораат веста, „само сакале да го занишаат бродот.“
Фактот што Грета била со дечко тргната кон Газа го нарекуваат секс-скандал, а пренесуваат и дека откако кратко поседе во затвор во Израел, каде што се жалеше дека имало стеници, со фотографот Крис Кебон биле неразделни.
„Еве неделава, се појави слика од двајцата удобно залегнати на кауч, каде што Кебон држи куче нагрнато со кефије, а Тунберг блажено се смее, одморајќи се на неговите тенки рачиња,“ пишува Габриел Фами за весникот.

Кебон е дваесет и тригодишен, „долгокос фотограф од Стокхолм, кој работи со движења за климатски промени и социјална правда и поранешен surfer dude“, а бил дел од Fridays for Future - каузата на која беше насочена Тунберг пред да се заинтересира за Газа.
„Вообичаено лутата Тунберг,“ продолжува Фами, „која стана позната по викањето како се осмелувате? кон светските лидери во 2019 се појави некарактеристично опуштена за време на летната сезона.
Кебон, кој доаѓа од богато предградие на Стокхолм „изгледа го дели бесот на Грета кон светот“, со оглед на тоа што на Икс во кратката биографија му пишува „обично изнервиран и сака да се жали“.
И покрај интересот на шведските медиуми, Грета не коментира, а го пропуштија и бродот до Газа, затоа што таа остана во Европа за да работи на документарец.