Таг: човекови права

Презимиња на дресовите на арапски јазик, жените добија дозвола за стадион

Фудбалерите на Лацио во рок од само неколку дена, по вторпат го демолираа Јувентус со 3-1, овојпат далеку од дома, во Саудиска Арабија, земја која што плати милиони за италијанскиот Супер Куп да се игра кај нив.

Белгискиот принц си бара човекови права

Му ја скратиле апанажата и плус му замериле што во воена униформа отишол кај Кинезите да ја слави нивната армија. Заради ваквото малтретирање од страна на државата, овој нескротлив аристократ апелира да му се почитуваат оние права кои денес ѝ се загарантирани дури и на рајата.

Меланија ги пофали Арапите дека ја јачаат жената

Првата дама на САД ја пофали Саудиска Арабија за нивните напори и мерки кои водат кон „оснажување на жените“. За 110 милијарди долари колку што нејзиниот златен сопруг на домаќините им наплати во вид на нарачки за оружје, Меланија можеше да каже и дека САД од оваа земја можат многу да научат за третманот на жената.

Америка ќе почне да казнува мирни демонстрации

Додека милиони луѓе протестираа против новиот претседател, во осум американски држави републикански законодавци на големо буткаат закони со кои се криминализира правото на мирен протест. Како оправдание за рестрикциите се наведува сообраќајот, енергетската стабилност, опремата и слично.

Човековите права во челуста на пропагандата

Русија изгуби место во Комисијата за човекови права во ОН и нема сега да ја жалиме. Ама начинот на кој вообичаено се подготвува теренот за вакви политички пресметки заудара на тешка пропаганда.

Брејвик ja тужи државата за кршење на човековите права

Норвешкиот масовен убиец поднесе тужба за повреда на неговите човечки права повикувајќи се на две клаузули од европската конвенција на таа тема. Толку му е лошо во затвор што не може ни факултет да заврши.

Летаа воспитни шамари во ОН

Претседателката на Бразил со бугарско потекло Дилма Русеф одржа говор на Генералното Собрание на Обединетите Нации. Тема: Слободата на говорот, приватноста, суверенитетот и шпионирањето граѓани од други држави. Мета: САД. Дипломатска оценка: Пуздер.

Холивудските ѕвезди за човековите права

На 28 август 1963, денот кога Мартин Лутер Кинг го одржал славниот говор „Јас имам сон", во Вашингтон неколкумина холивудски актери се собрале на округла маса. Ова е историска снимка на дискусијата која ја воделе.

Петар ебиветар

Л'ко е да се мрзи, тешко е да се сака... Б'ш такој. Сви ми сакамо некога и нешто, а мрзимо заради активно незадовољство. Фрустрације, предрасуде, општество на незадовољну масу. Ете тој смо ми заедно сас тебе у ист пакет, Свети Синоде Петре. Ти си ваљда женомрзац, па затој такој збориш. Некоја те е здраво изгорела, па после њума све ти се црно види. Или си изгорен, или па од што не можеш да си приуштиш жену и цело оној задовољство што доваѓа сас њума, шириш говор на омразу. Ти мрзиш, па и т'ј до тебе пошто мисли дека умно збориш, па од вас ќе чуе и он'ј па и он ќе почне да мрзи, сее се семе на мржњу, шири се омраза како жутица и куга.

Кина го возвраќа ударот

Наместо да се правда и објаснува, на овогодинешниот извештај за состојбата на човековите права на Стејт Депарментот, Кина возврати со свој извештај за човековите права во САД.