Еден ден по објавувањето на редовниот извештај на американскиот Стејт Депармент за состојбата на човековите права во светот, Кина извади свој извештај во кој ги обвини САД дека темелно ги кршат фундаменталните слободи на своите граѓани.
Состојбата со човековите права во САД е толку мизерна што таа земја нема никаква - ни морална ни политичка - основа и натаму да глуми светски праведник, се заклучува во кинескиот извештај.
Кинезите особено внимание посветиле на два сегмента од американската политичка реалност во изминатата година, справувањето со луѓето кои беа дел од движењето Occupy Wall Street и интернет слободите во земјата.
Повикувајќи се на бројките за апсењата и сведоштвата на учесниците, Кинезите наведуваат дека американската полиција во многу наврати брутално ги третирала демонстрантите од движењето,
Исто така се наведува дека САД вовеле ригорозни рестрикции на интернет пристапот. Кинезите потсетуваат дека и U.S. Patriot Act и Homeland Security Act имаат клаузули за мониторирање на интернетот, давајќи ѝ на Владата и државните служби огромни ингеренции во надгледувањето и блокирањето на интернет содржините за кои ќе се процени дека можат да ѝ наштетат на американската безбедност.