Хари Белафонте, Чарлтон Хестон, Сидни Поатје, режисерот и писател Јoзеф Манкиевич, Марлон Брандо и писателот Џејмс Болдвин - импресивната листа уметници за оваа телевизиска дебата оддржана во Вашингтон во август 1963 биле ангажирани од Информативната агенција на САД. Целта секако била политичка, а се состоела од подобрување на американскиот имиџ и дома и во светот, сериозно влошен во сенката на расните немири. Во текот на Студената војна, расните нееднаквости во САД биле сериозен проблем кој во периодот за којшто станува збор се заканувал да прерасне во граѓанска војна. Немајќи друг избор освен да се соочи со растечкото движење за човечки права, оваа агенција одлучила да ги прикаже настаните поврзани со Маршот на Вашингтон како доказ на виталноста на американскиот демократски процес.
На клипот има само мажи. Сите пушат. Топло е и на сите им светат лицата. Хестон кој подоцна ќе стане ригиден конзервативец, рецитира стихови од Том Пејн. Брандо во неговиот мрморечки стил, зборува за „гневот во човечкото срце".
Но иако водителот ја врти работата на тоа дека Америка предничи во заштитата на човечките права, на пример пред Москва и Пекинг, и дека овие демонстрации се доказ за тоа, Белафонте го сече: „Одамна мина времето кога го меревме сопственото чувство на совест и нашата моралност врз основа на она што не го дозволува некое друго општество во распаѓање". Сидни Поатје, пак, зборува за тоа како решавањето на „црнечкото прашање“ е приоритетно за иднината на неговата земја, притоа користејќи го зборот на „н“ (negro) кој денес не би можел да помине на американската телевизија.
Снимка од округлата маса (30 минути)