За време на првата странска посета на Доналд Трамп, Меланија го посети сервисниот центар на Џенерал Електрик во Ријад. Приликата ја искористи за фотографирање со вработените при што посведочила за „јакнењето на жените“ што го почувствувала за време на нејзината обиколка.
Саудиска Арабија е ултра конзервативно кралство кое е едно од полово најсегрегираните општества во светот. Додуша, неодамна на жените им беше дозволено да одбератр факултет или работно место без дозвола од алфа-мажјакот во нивното семејство, но таму жените сè уште не можат да:
- возат автомобил
- користат јавни базени
- пробуваат облека пред да ја купат
- самостојно комуницираат со мажи
- носат облека која ја истакнува нивната убавина
- слободно учествуваат во спортски активности
За да биде лицемерието во врска со парите/човековите права на Саудиска Арабија појасно, оваа земја минатиот месец беше изгласана за членка во женската комисија на ОН, тело кое треба да ги обликува „глобалните стандарди за родовата еднаквост и оснажувањето на жените“. Бонус лицемерие: по избивањето на скандалот и под притисок на домашната јавност, некои од земјите кои гласаа за ваквиот потег (на пример Белгија) соопштија дека - се каат.