За првпат откако беше примена во 2006, Русија го изгуби своето место во ова тело на ОН. 47-те членови на ова тело се географски определени, регионот пополнуваше 2 места, Русија со гласање изгуби од Унгарија и Хрватска.
Во врска со човековите права, на Русија подолго време ѝ се препишуваат две сериозни мани: третманот на ЛГБТ популацијата и нејзиното учество во конфликтот во Сирија.
Во врска со човековите права и Комесаријатот во кој Русија го изгуби местото, само да нафрлиме дека во истото пополнување на испразнетите места, Саудиска Арабија мазно помина и остана во телото. Јасно, таму цвета ситуацијата со човековите права.
На гласањето и ваквиот епилог му претходеше меѓународна НВО иницијатива Русија да биде казнета со неизгласување. Тоа писмено го побара група од преку 80 хуманитарни и слични организации, меѓу кои и Хјуман Рајст Воч, CARE Интернационал како и неколку сириски нeвладини.
Сириски невладини? Да, со седиште на Запад. Некои од нив ги води само еден човек. Што значи дека секој сириски бегалец може на Запад легитимно да се претставува како "сириска невладина". На пример, една од најцитираните во случајов беше извесна The Syrian Observatory for Human Rights (SOHR) - раководена од Рами Абдулрахман, Сириец преселен во англискиот Ковентри пред 16 години. Кога не е "сириска невладина" Рами продава алишта во својот бутик. А честопати бил цитиран од Voice of America, Reuters, BBC, CNN, НПР... како релевантен соговорник и информиран извор за ситуацијата во Сирија.
Хјуман Рајтс Воч (HRW) пак е една од намалку транспарентните меѓу глобално познатите организации. Во последниот извештај на организацијата Транспарифај која рангираше 200 големи тенк-тенк организации во 47 земји Хјуман Рајтс добија само две од можни 6 ѕвезди за транспарентност (имаат обелоденето листа на донатори но без никакви финансиски детали). Од нив полошо стои самата централа на Отворено општество во САД, иако, интересно е и што самиот извештај на Транспарифај е подржан од фондацијата на Сорос.
На адреса на HRW доаѓаат критики од разни страни и за разни теми. На пример дека додека посветено ја пенали Русија, истовремено го премолчува па дури и го подржува она што на терен го прават чеченските сепаратисти.
Разочарани активисти обвинуваат дека HRW е револвинг врата за американската политика а дека врз нивните проценки влијаат одредени државни политики говореше и еден од основачите на организацијата Роберт Л. Бернштајн.
Врските меѓу високата американска политика и оваа организација се некогаш комплетно директни. На пример Тони Малиновски беше главен човек во клинтоновиот совет за безбедност, за потоа да стане диркетор на HRW во Вашингтон за на крај повторно да се врати во политиката како помошник државен секретар на Обама.
Пред две години група од преку 100 интелектуалци, професори иа активисти, меѓу кои и двајца нобеловци за мир напишаа отворено писмо дека блиските врски на HRW со американската политика сериозно ја доведуваат во прашање нејзината непристрасност и објективност. Особено кога се прави слепа за кршењето на човековите права во Саудиска Арабија и кај другите американски сојузници.