Брејвик ja тужи државата за кршење на човековите права

Норвешкиот масовен убиец поднесе тужба за повреда на неговите човечки права повикувајќи се на две клаузули од европската конвенција на таа тема. Толку му е лошо во затвор што не може ни факултет да заврши.

37 годишниот Андерс Брејвик ја обвини норвешката влада дека во неговиот случај повредува две одредби од меѓународната конвенција за човекови права: Првата гарантира "почитување на приватниот и семејниот живот" во што спаѓа и правото за кореспонденција со надворешниот свет а втората забранува "нечовечки или деградирачки трeтман или казнување".

Масовниот убиец кој во 2011 потепа 77 млади лица се наоѓа во затвор на стотина километри од Осло а неговиот адвокат вели дека условите во кои ја одлежува казната од 21 година го доведуваат до стрес. Затворските власти велат дека неговата комуникација е цензурирана за да се спречи Брејвик да создава екстремистичка мрежа од фанови.

Тој и порано ја обжали "речиси целосната" изолација во која се наоѓа и побара повеќе од еден час дневно прошетка на чист воздух заради што едно време и протестираше со глас.

Сè на сè, епилогот на овој случај е дека заради немање услови за нормален академски напредок, Брејвик бил принуден да го напушти дописниот курс за политички науки на Универзитетот во Осло. И 77 загинати. 

 

15 март 2016 - 08:55