Таг: Андерс Брејвик

Самицата на Брејвик

Еден од најгнасните убијци во последниве децении, Андерс Брејвик, ја тужи Норвешка за нехуман третман бидејќи скапувал во самица од 2012, откако претходната година во терористички напад уби 77 лица (од кои 56 на возраст под 20 години). Да погледнеме каде тоа он скапува.

Брејвик ja тужи државата за кршење на човековите права

Норвешкиот масовен убиец поднесе тужба за повреда на неговите човечки права повикувајќи се на две клаузули од европската конвенција на таа тема. Толку му е лошо во затвор што не може ни факултет да заврши.

Паметник без споменик

Норвешка го обелодени планот за меморијален споменик посветен на жртвите од најстрашното масовно убиство во модерната западна историја. Поводот е и ужасен и сè уште свеж за паметникот да се оцени како прекрасен, но, прекрасен е.

Хакерот што минува полошо отколку Брејвик

Брејвик, по убиени 77 луѓе од кои мнозинството деца, моментално во затвор е третиран подобро отколку Готфрид Свархолм Варг, основачот на Пиратскиот залив.

Брејвик по помош од своите

Работите на судењето на масовниот убиец стојат вака: во одбрана на Брејвик ќе сведочат радикални анти-муслимани кои на судот треба да му покажат колку сите тие се нормални.

Пасијансот ќе му пресуди на Брејвик?

Норвешките весници фатија еден од судиите во случајот против Брејвик како за време на судењето брка многу поважни работи од масакрот за кој што се суди.

Жената што го заузда монструмот

Иако нешто од стомак ни вели дека и самото судење е одвишен луксуз за еден таков монструм, утеха е што процесот не се одвива онака како што Брејвик замислуваше, со себе како главна ѕвезда во шоуто. Претставата му ја расипа една извонредна обвинителка.

Уби ме прејака уметност

„Изјавата на Андерс Брејвик, дека играњето Call od Duty и World of Warcraft му помогнало во подготовката на злосторството, покажува дека животот ја имитира уметноста, колку и таа да е грда" - напиша Асошијетед Прес, за човекот кој поминал цела година изолиран од остатокот од светот, за виртуелно да се подготви за неговите акции, кои минатиот јули доведоа до смрт на 77 луѓе.