Задачата на екстремистите е пред судот да ги објаснат своите злобни (расистички) теории на заговор, за да докажат дека верувањето во злобни теории на заговор не значи дека си лудак.
Еден од сведоците, Арне Тумир, кој е на чело на организацијата Стоп за исламизацијата на Норвешка тврди дека Исламот е "зла политичка идеологија," и го споредува Пакистан со Советскиот сојуз и Нацистичка Германија. Човекот нема ниту некое посебно добро мислење за пророкот Мухамед. Вториот сведок изјавил пред судот дека "уставот повеќе не важи" и "кога муслиманите ќе го добијат она што го сакаат, нордиската раса ќе биде истребена."
Генерално овие сведоци не ја завршиле работата, прво затоа што нивните сведочења не предизвикале какво било сочувство кон Брејвик, второ затоа што тие на ниту еден начин не ги поддржале неговите активности и трето луѓето што требаше да докажат дека Брејвик не е луд, на крај излегле по луди од него.
Иако не постои сомнеж дека Брејвик е виновен за убиството на 77-те лица, нему во целата работа му е исклучително важно да не го сметаат за лудак.
Тоа што систематски уби 77 лица е доволно за да се докаже дека човекот е луд, без разлика што ќе реши судот. Но Брејвик верува дека така ќе се уништи неговата оставштина, a ако е прогласен за луд, неговата идеологија и кауза ќе биде дискредитирана додека тој скапува во болница.
Доколку е прогласен за виновен (ама нормален) него го чека максимална казна од 21 година. Ако го прогласат за невин заради лудило, тој ќе избегне затвор, ама неограничено може да биде задржан во психијатриска болница. Во секој случај тешко е дека тој ќе види бел ден во скоро време, бидејќи и покрај максимумот од 21 година затвор, Брејвик може и подолго да биде задржан зад решетки ако го сметаат за опасност за општеството.