За време на сведочењето на шведскиот професор Матијас Гардел, судијата Ернст Хенинг Еиелсен е снимен како на својот компјутер игра пасијанс.
Видеото на сајтот на весникот VG, покажуваат како судијата ја пуштил игрицата 16 минути пред да биде дозволена пауза за ручек.
На прашањето за случајот портпаролката прво изјавила дека "судиите внимателно следат што се зборува во судницата," а подоцна се надополнила "постојат повеќе начини како да се остане концентриран".
Судијата не демантирал дека играл игрици за време на судењето.