Инстаграмџија на денот

Пол Фларт не е ниту фотограф, ниту дизајнер, ниту инфлуенсер, „паблик фигур“, експерт за здрава-органска-нонГМО-веган-raw храна или травел блогер. Фларт работи обезбедување, она лежерното, не вратарско. Барем работеше додека неговиот Инстаграм профил не се популаризираше, а тој заврши избркан од работа.

Отказот е по основа што профилот на Фларт е речиси комплетно исполнет со видеа од него како седи на работа и прди. Во сето ова работодавецот никако не го нарушува неговото право да испушта гасови (затоа што веројатно и во тоа лежи некоја тужба), туку тие решаваат да го отпуштат Фларт затоа што се снимал на работа.

Иако целиот пакет сам по себе веројатно е доволен за да добие отказ, подеднакво не е спорно и дека мал римејк на изгледот е сè што е потребно за неговото дело да се води како чист уметнички перформанс.

Во интервју за Вајс, тој најавува дека ќе продолжи со работа на профилот но во поразнолика околина, како и тоа дека почнал да работи на производи со своето име.

Компилација од опусот на Фларт:


Фларт снимаше и како го отпуштаат од работа:


Ако ви се следи човекот на Инстаграм, тука

25 август 2018 - 15:38