Деновиве пред години

Лажни вести од Македонија

Турците тврдат дека македонските востаници силуваат турски жени и мaлтретираат неутралци. Македонските лидери одговараат: нема врска....

  • Македонските лидери ги одбиваат турските обвиненија и потсетуваат дека секое насилство врз турски жени и цивилно население - под закона од смртна казна - им е забрането на востаниците.

Во продолжение и:

  • Сарафов ја предупредува Железницата да не продава билети за возови бидејќи и онака ќе ја дигаат цела пруга во воздух.
     
  • Во жесток судир, 60 македонски комити убиваат 100 турски војници. Подоцна не успеваат да го ослободат Кичево.
     
  • Султанот и Портата се во паника поради убиството на рускиот конзул во Битола (турски жандарм го пука кога овој го искарал зашто не го поздравил; таа приказна ја имате овде). Султанот го моли рускиот цар да не избрзува, си има правна држава....
     
  • Во Атина стигнуваат извештаи дека многу Грци се убиени во Битола затоа што кај Турците ги кодошеле македонските комити и давале инфо кај се движат.
     
  • Англиската позиција за македонското прашање е дека белјата ја прават македонските востаници. Англија тврди дека цел на Македонците е да ја направат ситуацијата толку лоша што ќе мора некој (или Австрија или Русија, или двете) да интервенира.

 

29 септември 2018 - 09:31