Протест пред Руската Дума

Храбра Русинка излезе пред една од најмоќните институции во светов, руската Дума, за да го изрази својот револт за проблем за кој вели дека не треба да се молчи. Тагови: социјални мрежи, цицки. 

Карина Барби (за чии интереси и естетски светоглед најмногу говори нејзиното естрадно презиме) излезе по шорцеви и гола цицка за да протестира пред рускиот законодавен дом.

Причина за протестот: редизајнот на VK (од Vkontakte), најпопуларната социјална мрежа во Русија која во суштина е нивниот Фејсбук.

Барби е уверена дека Думата може да изврши притисок врз сопствениците на VK да го вратат стариот дизајн бидејќи новиот го наметнале без да ги консултираат корисниците. Меѓу другото, промените се и во тоа што си ги замениле местата делот за нотификации и делот за вести. Ок.

ВК моментално има околу 370 милиони корисници. беше создаден од Павел Дуров, студент на Универзитетот во Санкт Петерсбург. Дуров се покажа како паметен дечко и подоцна, откако кога влезе во конфликт со структурите на државата околу сопственоста на платформата, сфати дека му е најдобро да фати магла. Денес живее некаде на Карибите. Поточно на Свети Кристофер и Невис, место кое изгледа отприлика вака:

 

23 август 2016 - 17:15