Досега над три илјади луѓе се пријавиле на граѓански организираната роштиљада пред куќата на извесна Сила Гарден во Перт, жената која судски сака да докаже дека мирисот на скарата ѝ го уништува квалитетот на животот.
Со таа идеја лани ги однела соседите на суд а потоа се жалела и на Врховен. Тој ѝ ја одбил жалбата и ги упатил страните во спорот конструктивно да ја потрошат енергијата во наоѓање разумно решение за баналниот проблем.
Сила и после топа рекла дека нема да се откаже од терање на судската правда по што стигна и контра-реакција на оние кои држат до традициите, меѓу што е и она одвреме-навреме да се стави нешто на скара во сопствениот двор.