Курвини синови*

Како за фотка од Џони ни побараа 5.000 евра?

Наоколу се имаат накотено мршојадци. Сè фино имаат смислено, само што некогаш им фали мрша.

Пред некое време на српски портали (види кај Петар Луковиќ) се пишуваше за своевидна фото-мафија, кои смислиле згоден начин да изнудуваат лесни пари од медиуми: заштитиле некои свои фотографии и после чекаат некој да се цапне и да објави нешто од тоа за да го тужат и да бараат баснословни суми за отштета. Обично се работи за банални фотографии што се користат за илустрација на некоја вест (на пример фoтка од Амди Бајрам како гувее во Собрание), најдени слободнo преку Гугл, некогаш и со вонсериско мали пропорции (тамбови) од по 150 пиксели. 

А кога и што се случило нешто бахато и сељачко во Србија, а да не дојде тоа и кај нас? 

Извесен Живота Паниќ од Смедерево (звучи како победник на шумадиска Ракијада) најмил овдешна адвокатска канцеларија, Канцеларија Ристова (не звучи како никаков победник) и ни пратиле барање „мирно и вонсудски“ да им дадеме 300.000 денари. 

„О црепови, о морес“, што би се рекло на латински.

За што се работи? Тој Паниќ некогаш го има сликнато Џони Штулиќ, а ние таа фотка наводно сме ја објавиле на нашиот сајт лани (поточно на 16.4.2016 година). И речиси една година подоцна, му дошло време преку Ристова да си ја наплати штетата од 5.000 евра што сме му ја нанеле објавувајќи негова слика од Џони.

„Пер Ристова ад астра!“, неочекувано крикнал Живан Паниќ, и самиот изненаден од тоа како му текнуваат вакви ствари.   

Како доказ на тоа барање (на 5 листа хартија!) го приложуваат крунскиот линк од нашиот сајт на кој го темелат предлогот да ги израдуваме со 5.000 евра:

https://off.net.mk/links/nabrzinka/42857

За жал, ќе мора и на Паниќ и на Ристова да им направиме еден интераптус во вака замислениот коитус.

Делот „Набрзинка“ е дел со линкови до статии од други портали. Л-И-Н-К-О-В-И. Тие имаат наслов и хиперлинк, човек го клика насловот и оди на веб-адресата за да прочита за што се работи. Нема фотка, нема Џони, нема тебе, нема мене.

Значи, настрана перверзноста на идејата дека може да цицаат пари на име на Џони и само од еден сајт (ќе има и други, верувајте, таква е шемата) да земат 5.000 евра (толку тој нема земено од Македонија за целокупниот свој авторски опус), останува мистеријата како некои сè уште не знаат што се линкови и како вака се брукаат со своето незнаење а лакомост.

„Ем шутус, ем бодус“, што би се рекло на латински дијалект што се зборува околу Житораѓа.

Ама доста со тој латински! Пред да решиме дали да ги запукаме со контратужба од 10.000 евра за вознемирување, стрес и нешто уште поглупо (за да парираме), а за да ја поштедиме адвокатската канцеларија Ристова од дополнителни трошоци за судски преведувачи, да им кажеме нешто што можат во оригинал да му го пренесат на својот клиент:

- Паниќу, мало смо се зајебали.

*******

Фотоприлози:

- Мирко, пази метак. - Трендо, пази доказ!
- Мирко, пази метак. - Трендо, пази доказ!

Купен мир и тишина, пострашни од војна мејби:
Купен мир и тишина, пострашни од војна мејби:

 

*****

* Музички прилог: Азра - Курвини синови

Azra - Kurvini sinovi from djole ajkula on Vimeo.

 

   

 

 

 

 

 


 

 

     

28 февруари 2017 - 14:50