На веста околу неговата смрт, и претходеше скандалот со авио-линијата Ева ер на чии вработени неименуваниот Американец им приредил кошмарен ужас на еден претходен лет од Лос Анџелес до Тајван, на почетокот од годинава.
Уште на бординг патникот кој се движи со количка, не од инвалидитет туку од што е дебел, побарал да му бидат дадени и 3-те соседни места во авионот заради неговата големина. За време на летот тој побарал да го користи тоалетот од бизнис класа, бидејќи оној во економска не го собира. Тука почнуваат кошмарите за екипажот на авионот.
Кога влегува во тоалетот патникот тврдејќи дека има повреда на десната рака која го спречува да се соблече бара од екипажот (стјуардесите) да му помогнат во соблекувањето за да може да се олесни во тоалетот.
Кога една од стјуардесите му кажува дека нема да можат да му помогнат тој почнува да вика на цел глас.
„Ми кажа да влезам под итно и да му помогнам или се закани дека ќе се олесни на патос.
Како што неговите гениталии веќе беа изложени, една од моите колешки донесе ќебе, што го искористив за да ја покријам неговата приватност.
Но тој гневно ми ја удри раката, велејќи не му треба ќебе и дека само сака да ја соблечам долната облека за да може да го користи тоалетот,“ објаснува една од стјуардесите на летот.
Откако се „олеснува“, туристот со идентична нервоза бара од екипажот да му го избришат задникот. Ова го прави главната стјуардеса на летот, носејќи три пара гумени ракавици. Сведоците од екипажот раскажуваат дека додека нивната колешка го прави ова, Американецот константно стенка со задоволство повторувајќи „така, така, подлабоко, подлабоко“. Тој потоа ја обвинува стјуардесата дека не му го избришала задникот како што треба, барајќи да го повтори тоа.
Жената ова го прави 3 пати. Кога таа тргнува да си оди, патникот задоволен од услугата и вели „сега можеш да ми ги кренеш пантолоните.“
Двете стјуардеси поврзани со инцидентот веќе подолго време се на продолжено платено боледување, а пред смртта Ева ер трајно забрани овој патник да лета со нив.