Американци ќе ја пукаат Ирма

Еден дечко ја започнал иницијативата од досада и желба на зезање, но се зачудил колку многу Американци се спремни со оружје в рака да му се спротивстават на непријателот. Макар тој се викал Ирма и по идеологија бил ураган. 

43.000 лица се ставија на располагање на една Фејсбук иницијатива за оружена борба против ураганот кој се приближува кон САД откако направи хаос во животите на 1,2 милиони лица на Карибите.

"Го пуштив тоа заради комбинација од досада и стрес и мислев малку да ја развеселам ситуацијата„“ вели 22 годишниот Рион Едвардс. „Но, одзивот комплетно ме запрепасти. Не ни сонував дека една ваква луда идеја може да стане поголема од мене, Работите малку ми излегуваат од контрола“.

Има и такви кои се загрижени од оваа иницијатива. Од следниве причини:

"Дали со ова нема дополнително да ја разлутиме Ирма?"

Дијаграм кој востаниците го спод3луваат за тоа како се пука во ураган

Идејата на Едвардс разбуди и специјализирани одреди па има посебни групи кои Ирма планираат да ја испудат со фрлачи на оган. А постојат и 'класичари' кои планираат да ја избуткаат од своите прагови.

 

9 септември 2017 - 09:55