Гугл објавува цртеж со Австралијанецот за да го обележи неговиот роденден, порачувајќи дека сликата го слави „легендарниот австралиски поборник за заштита на дивите животни и ТВ личност чија храброст и пасија ги отворија очите на милиони луѓе кон чудесиите на дивите животните“. Стив Ирвин почина во 2006.
За ПЕТА сето ова излезе дека е неподносливо, прво затоа што Стив Ирвин сам си го барал тоа што му се случило, и второ дека Гугл со својот цртеж шири опасна порака.
Ваквиот излет на ПЕТА, преплавен со стандардната само-праведност, беше крајно успешен во спроведување на нивната карактеристична намера да се шокира што е можно поголем дел од јавноста, и во целиот инцидент кој го креираат да се претстават и како жртва и како победник, без притоа да завршат никаква вистинска работа.
Критиките на реакцијата на ПЕТА се движеа од тоа дека Стив Ирвин има направено многу повеќе за дивиот свет отколку што ПЕТА некогаш ќе направи; и дека Ирвин а подоцна и неговото семејство без никаква помпа и гламур имаат помогнато бројни организации за заштита природата и дивиот свет; до осуда за ПЕТА дека се ситат на смртта на татко и сопруг.
По сите критики, во јавност се огласи и претседателката на ПЕТА, која на кратко го повтори сето тоа што претходно нејзините го напишаа на Твитер.
Сè ова што го кажува дечково, ПЕТА до сега го има направено:
Кога ПЕТА се обиде да го прикаже како крволочно стрижењето овци, за потоа секој еден што има и најмало познавање од животни или сточарство да им објасни дека тоа не е така како што тие го замислуваат и дека стрижењето всушност е неопходно за добро на овцата. Посебно во летен период, посебно во Австралија и Нов Зеланд: