- Во обид да се претстави како добар домаќин на саудискиот принц Мохамед бин Салман во Белата куќа, Доналд Трамп ги негираше американските разузнавачки извештаи дека неговиот гостин бил делумно одговорен за ликвидацијата на новинарот Џамал Кашоги во 2018 година.
- Трамп ја искара новинарката Мери Брус, која го праша МБС за Кашоги, ја нарече „ужасен репортер“ и се закани дека може да биде одземена лиценцата на нејзината телевизија Еј-би-си поради „ширење лажни вести“.
- „Ви се допаѓал (Кашоги) или не, се случуваат работи... Но, (принцот) не знаел ништо за тоа. Не треба да го засрамувате нашиот гостин со такви прашања“, изјави Трамп во одбрана на принцот. Бин Салман избегна директен одговор: „Тоа беше болно и голема грешка“.
- Принцот Бин Салман, кој де факто е владетел на Саудиска Арабија, најави инвестиции од 1.000 милијарди долари во САД. Од друга страна, Организација Трамп, управувана од децата на претседателот, во септември најави планови за изградба на голем комплекс „Трамп плаца“ во Џеда.
- Трамп организираше гала-вечера во чест на принцот и ја прогласи Саудиска Арабија за „голем сојузник на САД што не е член на НАТО“. Двајцата лидери го формализираа договорот за продажба на речиси 300 американски тенкови и борбени авиони ф-35 за Кралството.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.