Кога му дошло преку глава да го гледа својот 23 годишен син како цел ден кмиши на компјутер и игра мрежни игри, Ксиао Фенг решил да се распраша кои се најдобрите играчи во таа игра и да ги најми.
Нивна задача била да го гонат ликот на синот и да го убиваат веднаш штом го видат. Таткото мислел дека на тој начин, на синот ќе му здосади играта и ќе почне да бара работа или да прави било што корисно.
А малиот се навлекол на игрици во средно. Едвај го завршил со ужасно лоши оценки а потоа продолжил со нив, игнорирајќи ги молењата на домашните да најде некоја работа.
Во очај, таткото решил да најми убијци (со поголем ранг во играта од синот) верувајќи дека на тој начин играта ќе му здосади бидејќи постојано ќе бива убиван на почетокот.
Дали планот успеал?
Не. 23 годишниот син на татко уште пожестоко се фрлил на играње а на родителите им го кажал стандардниот одговор дека не сака било каква работа туку работа која ќе го исполнува.
Како планира да го постигне тоа, не им кажал.