Зошто шупците се поздрави од другите?

Шупци овде ги викаме оние што постојано си ја поганат устата, оние кои везден оговараат и оние кои нонстоп кенкаат и кукаат како нив им е тешко (оти на нас не ни е), каков станал народот (оти не го знаеме тоа) и дека вака никогаш не било (аха, да). Тие и такви се поздрави од сите други. 

Оние зен смирени мајстори кои поседуваат целосна контрола врз својот ум, душа и тело најчесто се ликовите кои ги замислуваме како најсреќните и најздрави луѓе на земјава. За жал, особено добро во тој поглед им оди на они кои се нивна целосна спротивност.

Да видиме што науката има да каже зошто генерално сјебаните луѓе ќе ги надживеат останатите?

ПЦУЕЊЕТО ЈА ЗГОЛЕМУВА ИЗДРЖЛИВОСТА НА БОЛКА

Повеќето гранап лингвисти кои би ги консултирале би ви рекле дека најголемата причина за пцуењето е што е тоа некогаш  - супер работа. Но, зошто би пцуеле кога нешто нè боли? Кога на пример ќе го ѕвизнеш малото прсте од ногата во ногарка од тросед па се раздеруваш: О, пичка ли ти материна, све да ти се наебам!?

Има зошто.

Психолози од Универзитетот во Кил ја тестирале издржливоста на 64 студенти кога ставаат раце во мраз ладна вода. Првиот пат можеле да пцујат што сакаат додека трпат, вториот пат им било дозволено да користат само еден обичен збор  кој им бил даден на располагање. Многу повеќе издржале првиот пат. Пцуењето во такви случаи пали нешто во нашите мозоци, можеби истото нешто кое не направило нервозни и појаки кога сме требале да се тепаме со предатори пред пештерите.

ОЗБОРУВАЧИТЕ ЖИВЕАТ ПОДОЛГО

Сите знаеме дека дебелината може да одземе години од нашите животи, но затоа, зборувањето за тоа како комшиката се здебелила особено откако се развела од оној нејзиниот пијаница, шприца нови дози здравје во нашите живеачки.

Луѓе од Универзитетот во Мичиген знаеле што прават па го истражувале овој ефект кај жените. Поделени во две групи, во едната биле охрабрувани да зборуваат за трети лица, Токму кај девојките од оваа група било забележано зголемено ниво на прогестерон, хормонот одговорен за "доброто расположение": Се претпоставува дека истиот тој прогестерон е една од причините зошто жените кои живеат активни социјални животи живеат подолго од оние кои се изолирани.

Озборувањето им помага на луѓето да се врзат подобро со својата околина. Тоа е дел од културата бидејќи создава информациони текови со кои на луѓето им станува полесно да се снајдат во комплексните односи на сите нивоа.

ОНИЕ ШТО КЕНКААТ ЖИВЕАТ ПОДОЛГО

Нема нормален човек кој не ги мрази. Оние што цел ден знаат да потрошат кукајќи над сите бељи што висат (само) над нивните глави. Оние кои на човека му го празнат акумулаторот додека му ги исповедаат сите неправди кои (само) ним им се случуваат.

И бидејќи нè учеле дека ништо не може да се постигне без "позитивна енергија" очекуваме дека комплетната мизерија во која тие ги имаат потопено своите животи некако и нив ќе ги пресуши, дека ќе снеможат.

Наивно!

Прво, за еден специфична група луѓе. Утврдено е дека терминално болните од рак кои нон-стоп се жалат поживуваат подолго од оние кои маката ја издржуваат стоички и молчешкум. Но, тоа е мала група и можеби нивното кукање им помага да добијат повеќе нега од роднините или болничките служби.

Иако звучи парадоксално, генералниот бенефит од кенкањето е зголемување на менталното здравје и јакнење на имунитетниот систем. Зошто е тоа така? Затоа што кукањето сепак е - социјална активност.  За некому да му го заебеш денот, сепак ти треба човек. А кога си веќе со човек, тоа е веќе група. А социјалните групи се базични форми кои служат животот полесно да се поднесе.

повеќе

25 март 2014 - 16:47