Желбата на Епстин се базира на многу квазинаука (трансхуманизам, наука за подобрување на човештвото преку генетски инженеригн и вештачка интелигенција), и во основа целта му е подобрување на ДНК на човештвото.
Човекот, кој благодарејќи на својот социјален статус и богатство успева да се зближи со некои од најголемите научници на денешницата, уште на почетокот од 2000-те во повеќе наврати на своите пријатели научници и бизнисмени (кои денес масовно се дистанцираат од него) им го објаснува својот амбициозен план за да го искористи својот огромен ранч во Ново Мексико како база во која жените ќе бидат оплодени со негова сперма и потоа ќе родат негови деца.
Луѓето што ова го раскажуваат за Њујорк тајмс, изјавуваат дека подоцна плановите на Епстин низ годините им биле повторени и од други познаници на кои тој им раскажувал.
Во еден до разговорите што го пренесува Тајмс, целта на Епстин е затруднување на околу 20 жени на ранчот. Се верува и дека добар дел од богатите вечери што Епстин редовно ги организира, а на кои присуствуваат „атрактивни жени со импресивно академско портфолио“, се со цел тој да избере кандидатки кои би би носеле неговите деца.
За сега нема никакви докази, ниту сведоштва дека Епстин успеал или воопшто почнал да го оствари својот план.