Натпреварите во шамарање се прилично нови во Русија, а смислени се за привлекување повеќе внимание на натпреварите во кревање тежина. Во разговор со Гардијан Камотски стабилен како што го гледаме и на Јутјуб изјавува „тоа не е спорт, тоа е шоу“.
Камотски објаснува дека немал чуено за првенството во шамари се додека со пријателите не го посетил стронгмен натпреварот што се одржувал во Краснојарск. Под притисок од пријателите тој се пријавил на натпреварот.
Откако неговиот настап завршува како што завршува, моментално има над 4 милиони прегледи на Јутјуб, Камотски почнува да го препознаваат на улица, а освен Гардијан, му се јавуваат новинари од Шпанија и Јапонија.
За победата Камотски доби околу 400 евра, ама не е сигурен дека пак би учествувал. Не му е за себе лично, туку општо за настанот.
„Личи како да го одзема вниманието од сè останато на настанот. Организирани се многу случувања на шоуто, ама сите зборат само за шамарањето,“ објаснува Камотски.
****
- Нешто повеќе за настанот имавме пред некое време, клик тука
- А ако има супер-финале, би сакале да го гледаме Василиј да се проба со Турчинов, клик тука