Убиецот е дипломиран на Принстон, таткото е богат менаџер на хеџ фонд, а целиот настан се случува во семејниот луксузен апартман во Њујорк.
Адвокатите на Томас Гилберт јуниор, не оспоруваат дека тој го убил својот 70-годишен татко. Она што тие се надеваат е дека нивниот клиент ќе биде ослободен по основа на лудило.
Пред убиството, родителите на 30-годишниот Томас му плаќале 2.400 долари кирија месечно, плус му давале по 600 долари неделно за трошење. Една недела пред убиството Томас постариот му соопштил на синот дека неделниот џепарац му го намалува на 400 долари.
Синот во својата одбрана наведува дека во тој период заработувал 3.000 долари месечно, работејќи во финансии. Полициските докази покажале дека во тоа време Томас помладиот бил должен пари и немал никаков работен ангажман.
Случајот е од јануари 2015, а пресудата која се очекува да биде донесена во август е доживотна казна затвор.