Таг: син

Убиство од размазување?

Лошо: Син го убива својот татко. Дебилно: Затоа што му го укинал џепарацот. Аман: На 30-годишна возраст.

Син му го прашувал Меси зошто толку го напаѓаат во Аргентина, стигна одговор

Во ситуација кога на своето дете не знаете како точно да му објасните за што станува збор, целата работа ја преземаат неговите врсници. И добро ја завршуваат. Барем во случајов со син му на Лионел.

Јунакот на годината кој преживеа семејна драма и продолжи да игра врвен фудбал

Еден од најдобрите фудбалери во англиското првенство и повремен капитен на шампионот Манчестер Сити вели дека ни самиот не може да сфати како успеал да се справи со тешкиот товар кој животот му го ставил на раменици.

Адебајор е маж на годината

Емануел Адебајор го посинил синот на неговиот постар брат Питер којшто починал во јули 2013-та. Некогашниот центарфор на Арсенал, Тотенхем, Реал Мадрид и Манчестер Сити за оваа хумана вест објавил на официјалниот профил на Instagram. Тоа е најдобар подарок за Нова година за малиот Џуниор.

Писмото на тренерот на Кротоне до загубениот син

Тренерот на најголемото изненадување во последните 10 кола на Серија А, Кротоне, Давиде Никола на Фејсбук објавил емотивно писмо посветено на загубениот син.

Син му на Лео Бонучи навива за Торино

На прославата на шестото скудето по ред во Серија А, стоперот на Јувентус излезе на теренот со двете синчиња, од кое едно едното навива за Торино поради што плачело зошто мора да облече дрес од Јувентус. Браво мали, така се станува верен на клубот.

Ќе го биде малиот на татко му Лионел

Ако утрото по денот се познава, помалиот син на Меси, Матео ќе има движења како Лео. Аргентинецот на Инстаграм каде има 63 милиони следбеници постави видео на кое син му игра во ритамот на цртан филм.

Фидел Кастро му е татко на канадскиот премиер. Точка.

Познато е дека Кастро бил стар семеен пријател со Пјер и Маргарет Трудо, родителите на актуелниот канадски премиер. Но фрапантната сличност меѓу Фидел и Џастин покрена лавина приказни дека таа блискост во некој момент била претерана. Што има да читате понатаму, ќе кажете: „Tатко му е бе, видов на интернет“.

Како дрибла 5-годишниот син на Санти Казорла

Откако заврши последниот меч на Арсенал сезонава, децата на сите играчи се симнаа на теренот и заиграа фудбал. Најмногу покажа малиот Казорла кој си поигруваше со постарите деца.

Син му на Снајдер знае кај е најубаво

Холанѓанецот беше дел од славната генерација на Интер која што ја освои тројната круна со Мурињо во сезоната 2009/2010. Пехарот од ЛШ му се најде на син му кој си игра внатре во него.

Го крстил синот Милвол, без да знае сопругата

Кај нас уште не сме слушнале некој да крсти дете Вардар, Силекс или Шкендија. Во Лондон, навивач на Милвол решил страста кон клубот и буквално да ја префрли од татко на син.