Давиде Никола е човекот кој направи неверојатен подвиг и кој го спаси тимот од Јужна Италија од сигурно испаѓање. Веќе на половина сезона сите го гледаа Кротоне како нов второлигаш, но екипата на последните 9 меча оствари 6 победи, 2 нерешени и 1 пораз или точно 20 бода вредни опстанок (не се предадоа ниту после 8 порази и 2 нерешени во првите 10 кола).
Од таа причина тренерот Никола најпрвин изјави дека ќе си го одржи ветувањето дека ако се спасат, со велосипед ќе вози до Торино (1.289 километри).
Во меѓувреме тренерот Никола му напиша отворено писмо на својот трагично загубен син кој пред три години загинал во сообраќајна несреќа додека возел велосипед, паднал под автобуско тркало и загинал на лице место. Имал само 14 годни.
„Здраво Љубов моја, не знам каде си, што правиш, можеби си на оној облак кој беше над мене вечерта кога трчав за да го летам твојот змеј, или можеби си тука до мене... Сигурен сум дека си тука со мене.
Се боревме заедно во оваа претешка сезона, но... Денес знам дека ти секогаш беше со мене, успеа со твојата енергија да ми ја дадеш силата да се борам и да продолжам да верувам во невозможното.... Истрајноста е таа што невозможното го прави возможно, можното веројатно и веројатното сигурно. Але ова не е моја победа, туку наша, токму како и промоцијата со Ливорно во Серија А. Сакав да се радувам со тебе, да ги гледам твоите очи и твојата насмевка, да те фата за рака и заедно да трчаме и славиме.
Сево ова е за тебе и секоја моја победа е твоја, секој мој сон ќе биде и твој. Сакам моето срце да продолжи да чука за тебе и да живееш во мене.“
Шесте совршенства: Великодушност, дисциплина, истрајност, концентрација и духовно спознавање (Далај Лама).
La lettera di Davide Nicola al figlio. Da leggere in silenzio @SkySport pic.twitter.com/BIwZdcnK8C
— Alessandro Alciato (@AAlciato) May 31, 2017