Навивач на англискиот Милвол го крстил својот син Бермондзи Ден Милвол, без да ѝ каже на сопругата. Неговата одлука ја правда со тоа што сакал невообичаени имиња и ги ценел луѓето што се решаваат за поекстравагантни имиња. Бермондзи е населба во Лондон во која претежно живеат најмногу симпатизери на Милвол.
Мајк Блумфилд е долгогодишен навивач на Милвол кој живее во Кројдон. За Саутварк Њувс изјавил дека го крстил својот син Милвол, затоа што тоа е добар начин да се добие до нова генерација приврзаници на Милвол.
„Ако Дејвид Бекам може да го крсти син му Бруклин, тогаш можам и јас мојот да го крстам Бермондси. Едноставно го сакам Милвол. Една од жените во регистерот беше навивач на Милвол и многу и се допадна што така ќе го крстиме малиот. Не и кажав на жена ми, затоа што не знаев како ќе реагира“.
Жена му изјавила за медиумите дека во прв момент помислила дека името било нападно.
„Тој се плашеше да се врати дома. Кога разбрав бев лута, подоцна ми се допадна со текот на времето. Мислам дека навистина е единствено име. Не знам дали некој друг го има. Најсмешно од сe е што ние всушност живееме во Кројдон и сме опкружени со навивачи на Кристал Палас. Некои од нив ни рекоа дека малиот ќе го викаат Дејв“, рекла сопругата Кели.
Мајк во меѓувреме додава дека неговиот син ќе навива само за Милвол, иако во населбата доминираат навивачи на Палас. Роден на 27. октомври, најмладиот навивач на Милвол веќе е гордост на семејството кое му купило и облека од клубот.
„Нема избор, тој ќе биде Милвол. Едвај чекам да го однесам на стадионот Ден на првиот натпревар. Верувам дека сите ќе го заскаат“. Во Бугарија, пред неколку години еден навивач на Јунајтед доби светска слава откако решил да го смени името во Манчестер Јунајтед.