Пред една деценија англискиот Чарлтон беше стандарден премиерлигаш, а во моментов со едната нога е испаднат во третата англиска лига откако заостанува 5 бода зад зоната која значи опстанок во Чемпионшип. Навивачите реагираа на состојбата.
Кај нас уште не сме слушнале некој да крсти дете Вардар, Силекс или Шкендија. Во Лондон, навивач на Милвол решил страста кон клубот и буквално да ја префрли од татко на син.
Во главниот град на Англија секој навивач има омилен тим, а изгледа дека многумина го одбрале својот врз основа на репутацијата која навивачите на тој тим ја изградиле во тепачките со ривалите во седумдесетите и осумдесетите години.