Меѓу редовните обложувачи постои зезалица дека Чемпионшип, англиската втора лига е толку тврда и тешка за играње што дури и една Барселона да испадне од Премиер лига, тешко ќе се врати назад.
Тоа му се случува на Чарлтон, симпатичен клуб од Лондон кој во 2007. година испадна од елитното друштво и 9 години не може да се качи погоре. Но тоа не е најголем проблем, затоа што Чарлтон сега ризикува сезоната да ја заврши со испаѓање од Чемпионшип во третата лига.
Пред две години клубот го купил белгскиот тајкун Ролан Душател, но после тоа резултатите на тимот беа уште полоши. Навивачите не можат да се помират со состојбата и пред мечот со Мидлсборо викендов го погребаа својот клуб.
Потоа, 10 секунди по стартот на мечот домашните навивачи на теренот фрлаа гумени топки на дување и ја прекинаа средбата на кратко, протестирајќи така против белгискиот бизнисмен и генералниот менаџер на екипата Кетрин Мејер.