Неодамна најдобриот фудбалер на светот според многумина раскажал: „Кога решив да се вратам во репрезентацијата, имаше многу критики на моја адреса. Мојот шестгодишен син Тиаго праша: „Тато, зошто толку те напаѓаат тебе во Аргентина? -Јас му одговорив дека тоа е се само неколку луѓе“.
Најпознатиот аргентински канал, TyC Sports решил да му покаже на синот на Меси како се однесуваат во татковината со татко му.
На Лео и син му Тиаго им покажале видео со 6-годишни аргентински деца кои зборуваат колку многу им значи шпицот на Барселона.
„Здраво Тиаго, ние сакаме да ти кажеме дека многу го сакаме татко ти и сакаме да го видиме во репрезентацијата“, „Биди убеден дека татко ти е гениј и тука во Аргентина сите го сакаме“, „Ти треба да се гордееш што имаш таков татко“, се само дел од милите пораки.