Mojoт малечок син ме прашува:
Мора ли да учам математика?
Ми доаѓа да му речам, што ќе ти е?
На крајот само ќе ти остане дека две парчиња леб
се повеќе од едно.
Мојот малечок син ме прашува:
Мора ли да учам француски?
Ми доаѓа да му речам, што ќе ти е?
Таа држава пропаѓа,
а ако само си го протриеш стомакот со раката
и испуштиш тажен звук,
сите лесно ќе те разберат.
Мојот малечок син ме прашува:
мора ли да учам историја?
Ми доаѓа да му речам, што ќе ти е?
Научи се да ја забодуваш главата во земја,
и можеби ќе преживееш.
Да, да,
учи математика, му велам.
Учи си го францускиот,
учи си историја!
Бертолд Брехт