Во Сараево во 2018 излезе книга на Предраг Финци, „За книжевноста и писателите“. Во неа тој со кратки текстови се осврнува на дури 123 автори. Меѓу другото наведува и една вињета за Бертолд Брехт.
Ако на нешто асоцира Брехт, тоа сигурно не е еротска поезија. Па сепак, тој има напишано над 2,000 песни од кои повеќето со ваква содржина. Некои се романтични и нежни, но други звучат како излезени од перото на Маркиз де Сад.
An die Nachgeborenen е песна на Брехт од 1939, периодот на неговиот егзил во Данска. Прекрасно балансирајќи меѓу сентименталноста и одлучноста да се влезе во битка со неправдата, таа денес - замислената иднина за која зборува песната - сепак звучи како ништо да не се променило.