Иако никаде имплицитно не се споменува, ниту признава, сексуален акт со малолетници, видеото е доволно одвратно за тој да си замине од Фејсбук и да ги избрише своите профили на социјалните мрежи.
Во видеото објавено на Јутјуб каналот на Ловци на предатори Индијанаполис (PCI - Predator Catchers Indianapolis), Мајлс признава дека имал „сликовита и несоодветна комуникација со 13-годишно момче.“
Поранешниот директор на Фејсбук признава и „флертував и зборував со него“ со оправдание дека никогаш немал намера да се сретне со малолетното момче, за подоцна да признае дека на детето му ја испратил локацијата на хотелот во кој бил сместен.
„Ја дадов информацијата, локација, и сите други работи. Да, тоа може да биде така перципирано,“ изјавил Мајлс
Освен позицијата во Фејсбук Мајлс работи и за „Еднаквост Калифорнија“ ЛГБТ+ групата која оперира во Калифорнија, од каде инстантно објавија дека тој бил отстранет од нивниот борд.
Целосното видео: